Што е клима инвертор и како работи?

Неодамна ми поставија прашање „Што е клима инвертор?“

По кратко размислување одговорив: „Инвертор е магичен начин со 1 денар да направиш 4 денари!“

Кога во Македонија го користиме зборот инвертор сакаме да кажеме – топлотна пумпа на воздух.

Инверторот работи на принцип што ја зема топлотната енергија од надвор и ја пренесува внатре и обратно.

Една од најбитните работи кога купувате клима инвертор е да ја видите неговата енергетска ефикасност. Често може да ги сретнете кратенките: COP, SCOP и SEER.

Што е COP (Coefficient of performance)?

COP или коефициент на перформанси одредува колку единици kW топлотна енергија се добива од 1 kW електрична енергија.

На пример, ако COP е 4, значи со 1kW електрична енергија добиваме 4 kW топлинска енергија. Обично инверторите за загревање имаат COP околу 4, додека обичната електрична греалка или термо печка има COP од 1. Тоа значи дека за секој kW електрична енергија добиваме 1kW топлотна енергија. Значи дека е 4 пати поисплатливо да се греете со инвертор отколку со електрична греалка, термо електричен радијатор или електрична печка.

Но, мора да знаете дека COP се менува во зависност од температурата надвор. Колку е поладно, толку и COP е понизок.

COP на три различни инвертори во однос на надворешната температура

Како што можете да забележите од графикот, COP зависи од надворешната температура. За да се стандардизираат овие флуктуации направени се SCOP и SEER стандардите.

Што се SCOP и SEER стандардите?

SCOP е сезонскиот коефициент (Seasonal COP) за целата година во однос на загревањето.

SEER (seasonal energy efficiency ratio) е во однос на ладењето.

Табела на енергетска ефикасност за SCOP и SEER

Значи, ако сакате со 1 денар да направите или да заштедите 4 денари, купете си инвертор!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *