Глобален интернет или крајот на модерната астрономија?

„Starlink“ е проект на SpaceX, компанија на Илон Маск, која сака да донесе брз интернет на целиот свет со лансирање на мали сателити и тоа десетици илјадници од нив!

Кога прв пат ја слушнавме веста за „Starlink“ помисливме дека човештвото ќе влезе во нова ера на сеприсутен бесплатен интернет за сите луѓе, па дури и најнепривилегираните.

Цената на технологијата постојано паѓа и преку грантови и донации од побогати држави е достапна и во најсиромашните земји, се што им треба е бесплатен и брз интернет. Тоа е можност за многу талентирани млади луѓе кои немаат можност за развој во сопствените средини да добијат пристап до информациите, а сите знаеме дека „информацијата е моќ“.

Со зборовите на авторот Стјуарт Брендинформацијата сака да биде слободна!“, кибер-панкерите и хакерите кон крајот на минатиот век работеа под тоа мото. Денес сме блиску до тоа и со чекори како „Starlink“ кој треба да обезбеди глобален интернет се чинеше дека сме поблиску до вистинскиот поим на демократијата во светски рамки.

Но, соништата бргу станаа јаве кога беше објавено дека „Starlink“ ќе обезбеди сеприсутен и моќен интернет на „клиентите“ ширум светот. Тој еден клучен збор смени се. Сепак, Илон Маск е визионер, но прво и пред се, тој е бизнисмен милијардер.

Освен тоа, астрономите сметаат дека „Starlink“ ќе го означи крајот на астрономијата каква што ја знаеме, наука која ни овозможува увид во тајните на вселената, кои сме, од каде потекнуваме и каде одиме. Особено значајни откритија нуди радио-астрономијата со која „се гледаат“ најоддалечените и најскриените објекти во вселената кои оптичките телескопи не можат да ги видат.

Според астрономите, токму овие десетици илјадници сателити на „Starlink“ можат да го означат крајот на модерната астрономија бидејќи тие ќе претставуваат пречка и ќе ја отежнат работата на астрономите. Прочитајте повеќе на овој линк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *