Кај шумат шумите?

За бесправната сеча во реонот на Скопска Црна Гора и нејзиното влијание врз климатските промени во Скопје

На зеленилото во Скопје и воопшто во Република Македонија не му се посветува потребното внимание. Така на пример, еден хектар шума годишно апсорбира: 14,45 тони јаглерод диоксид, 57,8 тони прашина, 96,3 килограми сулфур диоксид, 96,3 килограми јаглерод моноксид, а годишно испушта во воздухот 10,6 тони кислород и 1,4 тони разновидни супстанци кои имаат дезинфекциони и бактерицидни својства. Во европските градови претставува стандард да има дваесет до триесет метри квадратни зелени површини по жител. За разлика од европските градови, на пример, во Скопје изнесува само 7,5 метри квадратни по жител, со што им се приближуваме на малоазиските градови, а се оддалечуваме од европските (Андов, 2000, стр. 27).

Шумите играат важна улога и во климатските промени. Уништувањето и деградацијата на шумите придонесува за зголемувањето на загадувањето  преку ослободување на СО2. Садењето на нови шуми може да помогне да се ублажат климатските промени со отстранување на CO2 од атмосферата.

Проблемот на пустошењето и исчезнувањето на шумите во Република Македонија ескалира секоја година поради нелегалната сеча на шуми и копачење, но и заради голем број шумски пожари кои зафатија големи предели при што изгореа големи површини со шуми. Некои пожари и копачења настануваат намерно од страна на граѓани кои со тоа сакаат да добијат обработливо земјиште. Штетата која е нанесена е огромна поради уништувањето на стеблата, соголување на планински предели каде постои можност за појава на лизгање на земјиштето, намалување на можноста за прочистување на воздухот и сл.

Проблемот со пустошење шума во Република Македонија, особено на Скопска Црна Гора, е сериозен проблем поради следниве причини: голем број на нелегални дрвосечачи, уништување на шумскиот фонд, интернационализација на проблемот, загадување на животната средина со – намалување на шумскиот фонд во Република Македонија, како резултат на што се намалува функцијата на шумата во насока на создавање здрав и чист воздух. Во Република Македонија има зголемување на еколошкиот криминал, со кои дела се врши деградација на земјата, водата, воздухот, со еден збор здравата човекова околина. Значи еколошкиот криминал е многу сложен феномен, како во сферите кои се напаѓаат така и во однос на дејствијата. Едно од тие дејствија е и деградацијата на шумите која може да се оствари на најразлични начини.

Бесправната сеча во Република Македонија е резултат на крајно неповолната материјална ситуација на граѓаните во земјава, која е една од причините за овој вид на еколошки криминалитет. Мотивот на сторителите е да се снабдат со огревно дрво за свои потреби што укажува на фактот дека куповната моќ на граѓаните е многу мала и излезот од својата состојба го наоѓаат на незаконски начин. Дрвната маса која е набавена на ,,црниот пазар“ е многу поевтина отколку онаа која е набавена законски и тоа е една од причините заради која граѓаните се решаваат на ваков начин на снабдување на дрва за огрев. Тоа укажува дека сторителите го вршат ова дело најчесто сами, а со цел задоволување на своите потреби за затоплување во зимскиот период.

Сите овие и други проблеми кои се јавуваат како резултат на пустошењето на шумите во Република Македонија може да се решат само со интердисциплинарен приод при сузбивањето на овој вид на еколошки криминал. Поради тоа на Скопска Црна Гора се потребни голем број на опсежни мерки за спречување на нелегалната сеча и сите фактори кои водат кон истата.


(Текстот продолжува…)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *