Вселената е лажна вест!

Периодов е актуелна кампањата на Вода Јана во која се користат астрономски слики и објаснувања на објектите прикажани во тие слики. Се работи за визуелно привлечни мотиви кои треба да предизвикаат восхит и љубопитност кај гледачот, можеби еден „лајк“ и ширење на свесноста за позитивните нешта, како на пример науката.

Кампањата е инспирирана од Вернеса Смолчиќ, професорка на институтот за физика на Природно-научниот факултет во Загреб и една од најпознатите хрватски астрофизичарки со светска репутација.

Но, во нашата земја се случува нешто невообичаено. На постовите поврзани со кампањата на Вода Јана на ФБ коментарите се претежно негативни. Се работи за коментари кои укажуваат на фобија од науката, нејзино непризнавање и ширење на теории на заговор.

Во тие коментари, сликите на астрономските поими и нивните објаснувања се окарактеризирани како лажни, а самите креатори на камањата како слуги на невистината која науката сака да ја пропагира за светот и вселената.

Image result for curve water meme

Коментарите на поддржувачите на науката и млади студенти или дипломирани на научните факултети се секогаш со обид да се внесе разум во дискусијата, но едноставно е залудно да се бориш против т.н. „memes“.

Преку теориите за „лажното слетување на Месечината,“ стигнавме до „плочата Земја“ и до негирањето на какво било патување во вселената. Се поставува прашањето, дали да им одговориме на јазикот кој го разбираат најдобро?

Image result for flat earth

Се работи за преземање на трендовите од американското општество и за нивно пренесување во една средина која нема никаква врска со историјата на НАСА, освен тоа што истата ја призна нашата неолитска опсерваторија Кокино за една од најстарите неолитски опсерватории во светот.

Галилео пред 400 години бил прв кој со својот телескоп ги видел прстените на Сатурн и сателитите на Јупитер, со што докажал дека не се врти се околу нас луѓето и нашата планета, туку дека вселената содржи многу посуштински мистерии од нашата суетност. Ако сте доволно вешт астроном аматер, и самите можете да ги рекреирате експериментите на Галилео.

Римската инквизиција во 1615 година заклучила дека „хелиоцентризмот е глупава и апсурдна филозофија.“ Денес, сѐ уште расправаме за истото. Заклучете самите што е поапсурдно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *