Научниците нашле докази дека мајмуните влегле во каменото време со користење на алатки и тоа пред 3.000 години…
Планета на мајмуните беше популарна серија од 1970-тите години која децата во Југославија ја гледаа на црно-бели телевизори фасцинирани од магичниот и неверојатен свет во кој мајмуните се однесуваат како луѓе.

На серијата ѝ претходеле, а по неа и следеле многу филмови, што зборува за фасцинацијата на човекот со идејата дека некое друго суштество освен него може да развие повисок стадиум на интелигенција.
Но, реалноста честопати е почудна од фикцијата, и научниците тврдат дека мајмуните од родот капучин користат алатки (најчесто за подготвување на храната) веќе илјадници години и дека може да се следи развојот на тие алатки.
Каменото време кај луѓето започнало пред 3.4 милиони години и траело до пред околу 10 до 5.000 години. Се поставува прашањето дали можеби во следните 3 милиони години може да се очекува излегување од каменото доба за мајмуните и премин кон бронзеното доба.
Тематиката е контроверзна и е на граница помеѓу наука и шпекулации, но сепак интересна за размислување и проучување. Прочитајте повеќе на линков.