Најважната лекција по екологија, живот и технологија која ќе ја слушнете

Џо Роган (Joe Rogan Experience) повторно има интересен гостин (Naval Ravikant) со уникатна визија за животот, екологијата и технологијата. Во видеото кое ќе ви го пренесеме подолу и трае околу 7 минути има толку многу поуки што е невозможно да ги пренесеме сите, па еве некои од нив.

Image result for Naval Ravikant

Мирот е среќа во мирување, а среќата е мир во движење.

Можеш да го претвориш мирот во среќа кога и да посакаш.

Ако си мирољубив човек, сѐ што правиш ќе биде „среќна активност“.

Активизмот и политичкиот ангажман преку социјалните медиуми нема да ви донесе мир.

Во модерното општество мислиме дека добиваме внатрешен мир со тоа што решаваме надворешни проблеми, но нивниот број е неограничен.

Единствен начин да се добие внатрешен мир е да се откаже од идејата за решавање надворешни проблеми.

Полесно е да се смениш себеси, отколку да го смениш светот.

Наместо да викаш по социјалните медиуми, живеј го животот кој сакаш другите да го живеат!

Наместо да викаш „екологија“, „конзервација“, „одржливост“, пробај да живееш живот со „нула отпад“.

Таквите луѓе инспирираат многу повеќе отколку оние што викаат по социјалните медиуми.

Решението не е во тоа да се сопре развојот на земјите во развој.

Имате проблем од 3 милиони Кинези и Индијци кои нема да останат сиромашни, тие ќе напредуваат. Можете да викате на нив, но тие нема да застанат.

Единственото решение е повторно преку „зелена“ технологија.

Илон Маск е еден од ретките кој се обидува да го направи тоа.

Сите сакаат да бидат поздрави и да имаат чиста околина, и Кинезите и Индијците.

Ако викам на тебе преку социјалните медиуми дека не треба да го загадуваш воздухот, ти нема да ме разбереш, но ако дојдам кај тебе и ги исчистам реките, шумите и те спасам од болести и од сиромаштијата, и ти ќе станеш еколог!

Модерното еколошко движење го идентификува проблемот, но не и решението кое би било привлечно и за луѓето од земјите во развој – тие нема едноставно да се откажат од економскиот напредок.

Луѓето прво мора да живеат достоинствено.

Треба да се намали цената на чистата технологија, за таа да биде компетитивна со валканата, а тоа се прави со субвенции, додека не се направат доволно изуми. Тесла, на пример, ги дава своите патенти на слободно користење.

Америка може да забрани пластични цевки, но Кина нема да го стори тоа, додека не измислиш хартиени цевки за иста цена и издржливост и тогаш можеш да едуцираш дека пластиката е лоша за нив и за нивните деца.

Тие кои се жалат на сечењето шуми во Амазон не се сиромашните Амазонци кои немаат друг извор на приход. Зошто не се вложат пари да се направи туристички парк и преку екотуризам да им се помогне на тие луѓе (па можеби нема да има потреба да ги сечат шумите).

Ако сте заинтересирани за целото интервју, погледнете го тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *