Знаеме дека Јапонците се интересен и чуден народ, но едно е вистинито за нив, а тоа е дека од сѐ прават уметност.
Така е и со уметноста на правењето вештачка храна. Не, не мислиме на храната каква што се продава кај нас, со многу „вештачки“ и штетни состојки, туку за уметноста на Сампуру.

Сампуру се модели за храна, или „лажна храна“. Се работи за реплика на прехранбен производ изработен од пластика, восок, смола и слично.
Овие модели најчесто се поставуваат на излозите на рестораните во Јапонија и ги претставуваат јадењата кои може да се нарачаат внатре.
Изгледа вкусно, нели!