Вештачката интелигенција ни ја зема работата!

За обичниот човек вештачка интелигенција значи Терминатор (The Terminator, 1984), Skynet и уништување на човештвото, но за истражувачите на полето, парадоксално, значи препознавање на слики и моментален превод. Велиме „парадоксално“ затоа што токму тие предности кои ги овозможува вештачката интелигенција ги користи најмногу тој истиот „обичен човек“.

Можеби не треба да стравуваме од уништување на човештвото од машините, туку за уништувањето на професиите како возачи, новинари, издавачи, касиери, војници, вработени во фаст-фуд, сметководители, тргувачи со акции, дактилографи, преведувачи, дизајнери… а со напредокот на компјутерската графика можеби и холивудските ѕвезди ќе изгубат работа!

Nvidia најавува нов комупјутер Jetson Nano. Се работи за вештачка интелигенција по цена од $99 за истражувачка намена, па повелете работете на сопствениот отказ!

One thought on “Вештачката интелигенција ни ја зема работата!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *