Пред многу години живеев во една стара зграда во центарот на Скопје. Парно немаше, инвертери не постоеjа и се греевме на дрва и струја (термо печки). Истото го правеа и нашите соседи. Никој не знаеше за ПМ честички, но и да имавме познавања едноставно немаше многу алтернативи. Се труевме, без да знаеме.
Многу од луѓето сѐ уште не знаат дека греењето на дрва е штетно, не само за околината, туку и за самиот дом.
Во оваа данска студија најдено е дека загадувањето на домашниот воздух се зголемува 60 до 120 пати откако ќе се запали оган.

Во друг експеримент користена е стара печка и тука загадувањето се зголемило за 125 пати за само 20 минути.

Значи, ако сѐ уште имате печка на дрва од „памтивек“, или каква било печка на дрва, не е лошо да ја смените со нешто што нема да ве труе дома.
А, ако сте од тие што велат: „Јас сто години на дрва се греам и ништо не ми е…“, јас би ви рекол: „Само на арно нека е!“