Дрвја кои навистина го намалуваат загадувањето

Секако дека прво треба да се справиме со причинителите на загадувањето, но постои еден метод кој може индиректно да го намали загадувањето дури и до 50 проценти, а тоа е садењето дрвја. Особено внимание треба да се посвети на изборот на растителни видови кои се ефикасни отстранувачи на штетни гасови и честички, но воедно и отпорни на нив и тие да бидат засадени плански на локации со големо загадување (Beckett et al., 2001). Значи, сите дрвjа се добри, но некои дрвjа се подобри од другите, во стилот на една вистинска еколошка Животинска фарма!

[…]

Конкретно, во Скопје и Македонија се соочуваме со повеќе загадувачи. Да тргнеме од тие за кои се зборува најчесто – ПМ честичките. Логично е да претпоставиме дека сите растенија се добри во борбата против нив, но вистината е дека не се. Најнапред, дрвјата не дишат прашина

[…]

Кои видови дрвја се ефикасни?

За да го задржат правот да не се врати во атмосферата и тој да се пренесе во почвата преку дождовите, дрвјата треба да ги имаат следниве особини: густа крошна со повеќе од два листа на пупка, нерамна површина на лисјата со влакнеста структура, вертикално поставени лисја, цврсти гранки кои нема да се движат на ветер (Beckett et al., 2001). 

[…]

Други студии ги посочуваат дрвјата со голема површина на листот како уште подобри кои можат да отстрануваат 60 до 70 пати повеќе загадувачки материи годишно отколку тие со мала површина на листот (Nowak, 1994, цитирано од Chen et al., 2008). Во повеќето студии се сретнавме со овие видови како добри „борци“: каталпа (Catalpa speciosa), брест (Ulmus pumila), украсен бадем (Prunus triloba), дудинка (Broussonetia papyrifera)… За разлика од нив, дрвјата кои имаат мазни лисја се неефикасни. Во групата „Не фрлај, не загадувај“ каде што членовите го дискутираа ова прашање, како добар и достапен вид за оваа намена беше посочено брзорастечкото т.н. смарагдно дрво (Paulownia bellissima). За жал, нема студии кои би го потврдиле ова и тоа останува отворено прашање.

Целиот текст прочитајте го тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *