Зошто фирмите и државата треба да ги стимулираат вработените да користат електричен тротинет?

Бидејки електричниот тротинет троши 4 денари на 100 км, а автомобилот троши 600 денари на 100 км.

Зголемените трошоци за превоз не тежат само на вработените туку и на фирмите. Поголеми трошоци за превоз значи и барање на поголемии плати која фирмата треба да ја плати доколку сака да ги задржи вработените.

Зошто електричниот тротинет е добар за сите?

  • Возењето на тротинет е еколошко.
  • Возењето на тротинет е тивко (се намалува бучавата).
  • Возењето на тротинет го растеретува сообраќајот.

Апсурдно е државата и фирмите да им забрануваат на вработените да ги полнат тротинетите на работните места. Идејата е да се заштеди струја која се троши за тротинети, а всушност се промовира користење на бензин за автомобили.

Бул. Србија пред мостот „Близнак“, еден од многуте булевари во Скопје каде автомобилите се заглавени со сообраќајот, особено во работните часови (извор)

Со секој 1 заштеден денар за струја треба да се потрошат 150 денари за бензин!

Освен тоа се зголемува загадувањето во градовите.

Државата наместо да ги наградува вработените кои користат електрични тротинети, таа ги казнува и ги „стимулира“ да користат автомобили.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.