Додека кај нас се расфрла отпад насекаде, птиците во странство го чистат!

Во ова видео на популарната социјална мрежа Reddit е споделена идеја за тоа како птиците собираат отпадоци за да добијат храна од автоматска хранилка. Хранилката ги наградува со храна секој пат кога ќе фрлат отпад.

По мало истражување откриваме дека идејата потекнува од друго видео од пред година дена каде што … научил … да собираат капачиња за размена за храна.

За проектот е пишувано во повеќе медиуми, како во познатите interestingengineering и boredpanda.

Се разбира ваква машинерија е комплексна, а да се тренираат птици не е едноставно. Но, и за тоа постои решение. The CrowBox ја нуди комплетната бесплатно (OpenSource) машинерија и упатство за конструкција, кој има трпение!

На овој сајт може да се види упатство за тоа како да се тренираат птиците:

Се разбира, животните не треба да ја прават нашата валкана работа и самите треба да се трудиме да го одлагаме отпадот прописно, но и да размислуваме за тоа како да создаваме помалку отпад.

Сепак, во нашата средина таа свесност е толку мала, (сме пишувале за ова многу пати) а отпад има толку многу (иако сме мала држава), што тешко да не спасат птици и веројатно ќе треба да дресираме мечки да собираат отпад!

Депонија на влезот од Драчево (Извор Арно.мк 2021). Вакви глетки се чести во населбите на периферијата, но и во околината на сите градови во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.