Кога бил направен првиот филм?

На ова прашање повеќето луѓе би одговориле „тој филмот со возот“.

Приказната за луѓето како бегаат од киното во кое бил прикажан L’Arrivée d’un train en gare de La Ciotat е вградена длабоко во човечката колективна меморија, иако веројатно не е вистинита. Филмот траел околу 50 секунди и е прикажан во 1896 година. Во врска со него се поврзани повеќе значајни историски моменти, од воведувањето на првите кинематографски техники, до експериментите со 3Д стереоскопски подвижни слики, но филмот секако не бил прв во историјата.

Louis Le Prince е еден од потрагичните ликови во историјата на изумите, а за тоа зборува и фактот дека тој го создал првиот филм во 1888 година, Roundhay Garden Scene, кој траел само 2.11 секунди.

Но, сепак ниту овој филм технички не е прв, туку т.н. прото-филм Sallie Gardner at a Gallop кој во 1878 година е направен не заради уметноста или интересот за новиот медиум, туку за да се одговори на едно од прашањата кои ги интересирале современиците на Eadweard Muybridge – дали сите четири нозе на коњот во кас во одреден момент се во воздух. Читајте повеќе тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *