Научниците во 19-от век полудувале од прашањето: „Зошто мачката секогаш паѓа на нозе?“ Така било додека еден од нив не ја решил мистеријата со примена на фотоапарат.
Поточен термин е хронофотографија и Étienne-Jules Marey бил опседнат со неа! Неговиот апарат за фотографирање се нарекува хронофотографска пушка и со нејзина помош тој ги истражувал стадиумите на движењето на нештата, и тоа 12 фрејмови во секунда.
Étienne-Jules Marey ги направил неговите познати фотографии на коњи, птици, кучиња, овци, магариња, слонови, риби, микроскопски суштества, мекотели, инсекти, влекачи и… секако, мачки!


Тој тврдел дека коњот во галоп во одреден момент не го допира воопшто тлото и Eadweard Muybridge со истиот метод на хронофотографија на коњ во галоп одговорил на прашањето!

Но, да се навратиме на мачката, погледнете како сето тоа е објаснето.