Маргина

 Претходен број | Нареден број | Маргина во Точка | Архива... | On-line текстови... | Контакт |

Маргина 68 - избор од содржината

 

МАРГИНА #68 - елементи на самосвест

 
МАЈКЛ ХАРД И АНТОНИО НЕГРИ - Новата Магна Карта
... еден предлог за ново преуредување на светот на веќе култните теоретичари Мајкл Хард и Антонио Негри (познати по својата книга Империја, од која делови преведовме во Маргина)
 
УЛРИХ БЕК - Космополитска Европа
Tекст од влијателниот германски социолог Улрих Бек, за перспективите на Европската унија, текст посебно актуелен сега кога иднината на ЕУ, по референдумите за (не)прифаќање на Уставот во Франција и Холандија, е под голем знак прашалник.
 
МЛАДА МАКЕДОНСКА ПРОЗА - Тектонски потреси
Наташа Гелева, Димитар Самарџиев, Алекс Букарски, Бошко Бозаџиевски, Маја Танева, Сотир Ристо, Данко Илиќ

 
АЛЕКСАНДАР ГРОЗДАНОВСКИ- Дрвосечачите
Во овој број на Маргина претставуваме два циклуса фотографии на младиот македонски фотограф Александар Гроздановски од Битола. Првиот циклус беше презентиран на самостојната изложба под наслов “Дрвосечачи”, претставен во Културниот центар Точка во периодот 18.04.- 28.04.2005. Избор на фотографии од вториот циклус “Излози и огледала” беше изложен на изложбата “7. Биенале на младите уметници”, отворена на 13 мај 2005 во Музејот на современата уметност - Скопје.
 
 




*Во Маргината е вклученo и музичко ЦД
French Radio Reporter
на Оливер Петков

 
ИГОР БАУЕРСИМА - norway.today (драма)
Игор Бауерсима е роден во 1964 година во Прага, а пораснал во Швајцарија. Од 1988 година работи како архитект, музичар, сценограф, режисер, театарски и филмски автор. Во 1993 година заедно со три актерки во Цирих го основа театарот “ОФФ ОФФ”, за кој напиша девет театарски дела што самиот ги има поставено на сцената. Првиот меѓународен успех му го донесува драмата Форевер Годард. Најголем успех постигнува со драмата норњаѕ.тодаѕ, која е изведена на стотина сцени во целиот свет. Значајни и повеќе од забележени се драмите Футур де луџе и Таттоо.
“Бекет на нашите денови; уметнички и сложено; едноставно и духовито”, има напишано еден критичар по премиерата на драмата норњаѕ.тодаѕ. Бауерсима важи за автор што го постави поимот “филмски театар”, затоа што во неговите драми секогаш се користи видео.

 
 
ИШТВАЊ ЕРКЕЊ - Едноминутни новели
Иштван Еркењ (1912-1979) е еден од најзначајните унгарски писатели од втората половина на дваесеттиот век. Едноминутните новели се неговата најпопуларна книга. Оваа книга има доживеано толку многу изданија што во Унгарија “едноминутната новела” се третира како посебен жанр. 

 
РИЧАРД ХОЛИС - Графички дизајн, куса историја
Од своите корени, кои се наоѓаат во развојот на печатењето, графичкиот дизајн еволуирал од средство за идентификација, информација и промоција до професија и дисциплина со свое сопствено поле. Од концизната историја на графичкиот дизајн, од Ричард Холис, за оваа пригода избравме неколку поглавја.

 
БОРИС ШЕМОВ - Ситнење на 40-тата
Tекстуално-графички експеримент, некаков вид графички дневник-коментар на Борис Шемов...

 
 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |