Маргина

 Најнов број | Маргина во Точка | Архива... | On-line текстови... | Контакт |

Маргина 68 - избор од содржината

стр1

Вие не мора да го читате овој фото есеј, бидејќи не е наменет за вас, но јас морав да го напишам!
Б.Ш.

П.С. С
è ова е веќе виден облик на исказ и дйја ву форма, малтене задоцнет „штос арт” (но не и за мене во овој момент), бидејќи морав да ја оправдам мојата дипломска правена „своевремено” (иако и тоа не беше пресудно), во која со вознес го обожавав и толкував...

Кога би ви го кажал ова вербално и до крај, а со адекватна психологија на израз, би било поразбирливо и би го третирале како интересен вовед.


стр2


Овој мотив од моето ателје 17™ го третирам како мое лично лого, односно заштитен знак на мојата 60 квадратна установа.
Зошто установа и зошто нестандарден регистриран печат туку асамблаж на несредени фрагменти од мојата немарност?
Можеби поради мојата блискост со средената архивска граѓа заштитена во Архивот на Македонија, можеби поради месечните потписи на Word-овите формулари за договор на дело во Националната галерија, можеби поради долгата врска со мојата фабулозна девојка Гордана В., можеби поради настојувањата на мајка ми, Спасика Ш. - Сич да уживам во благодетите на мојата возраст и на нашиот фамилијарен статус, можеби и поради мојата потреба да ги разберам проектите на прочуениот „project maker” Небојша В. или пак, да ги уживам бенефициите на „можноста за самоаплицирање” на мојот драг пријател, актуелниот Оливер М.
Со еден збор, знаејќи го испитното прашање за гилдата на Св. Лука, влијанието на логотипот на „НИКЕ” и влијанието од серијата Sex and the City врз нашата локална Бастион секцесија, не можев а да не се позанимавам и со оваа проблематика...

П.С. Можеби ќе наброев уште „можеби” оправданости за моето лично лого, но во моментов морам да го љуарк-увам каталогот на прочуениот „ТАТЕ-овец” Денис Б.
П.С. 2. Двата конца на мојот нос, осум часа пред одмор, се прекрасна демаркација на мојата скепса пред пат.
стр3


Не можам а да немам инфлуенца од мојот најблизок круг пријатели кои секојдневно ми влијаат да ги третирам како предтекст, (збор преземен од мојот ценет професор Душан П. при мојата магистерска дообука).
Можеби домазетлукот на мојот најблизок пријател Игор С. со неговата потреба инвертно да ја постави својата актуелна ситуација; неговото агресивно „меѓупросторно лебдење” при преминот од глобалното-реално во локалното-локално; неговите фасцинантни толкувања на Маљевич и синдромот „Осој” во услови на негова маркетиншка фаза - ми навестија една потреба за опоненца. Можеби хедонизмот на двојноста Станислава Ш. и Божо П. (ZIP-ZAP Co.) и нивната потреба за идеална „кухиња” ме потсетија на битноста на Стар Трек, серијалите коишто со големо уживање ги следев со татко ми Симон Ш. и фантазиравме за можноста на неможното, на само за нас својствен и разбирлив начин.
Можеби преземената мисла на Ицко Ч. дека секој обид за американска филмска претпоставка за својата улога под актуелниве реални услови, би била само парафраза на она на коешто сме биле подготвени и на коешто сме биле обучени, влијае на потребата за (не)докажувања (овој цитат сега, после 8 години и не ми изгледа толку интересен иако интересна ми е потребата за негово архивирање во мојот био аморфен микро чип).

П.С.1 Мирцањето под nick name - Hornydog, Micky Rourky или богат_ехе, не се сосема најнебитни.
П.С. 2. Поклонение на црвеното светло на семафорот кај Влае, со љубов кон Н.П.
П.С. 3. Неможноста да ги откријам иницијалите Н.П. ми изгледа многу симпатична.
 

...

<< назад кон содржината

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |