Маргина

 Најнов број | Маргина во Точка | Архива... | On-line текстови... | Контакт |

Маргина 68 - избор од содржината

МЛАДА МАКЕДОНСКА ПРОЗА
Тектонски потреси
..................................................
Сотир Ристо
Ќелавко

Ќелавко долго размислуваше за животот, од тоа и исќелави. На неговата жена ù беше ужасно досадно, таа постојано го советуваше да преземе нешто, но што? Нејзиниот восхит кулминираше гледајќи планинарење и охридски маратон; нејзиниот маж не се помрднуваше.
Тој толку многу го промисли животот што изгуби секаква волја, за живот. Неговата жена ја исцрпи целата своја фантазија, но никако да го оттргне од мрзата во која беше пропаднал. Ниту групните скокоткања (на жената и децата) не дадоа поголем резултат. Ќелавко продолжи да го осмислува животот.
Еден ден тргна од точката А до точката Б. Жената и децата навиваа и го охрабруваа. После тоа од точката Б тргна до точката Ц. Предупредувањата за опасностите го направија порешителен во намерата.

 


 
 
Наташа Гелева.................................... The meeting
Димитар Самарџиев.................................... Ни беше жешко
Алекс Букарски.................................... Алтернативна женска
Бошко Бозаџиевски.................................... Во потрага по мирен сон на еден искомплексиран идиот
Маја Танева.................................... Сценарио
Сотир Ристо.................................... Ќелавко
Данко Илиќ.................................... Една беспомошна бранова должина

 
<< назад кон содржината

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |