|
МЛАДА МАКЕДОНСКА ПРОЗА
Тектонски потреси
..................................................
Алекс Букарски
Алтернативна
женска
Ја отворив
вратата од студентската соба и внатре го начекав Златко.
Зедов да го тормозам. Немав дупено со месеци. Надвор беше
темна ноќ а во собата немаше светло.
- И ти нешто и си како другар, а? - го прашав.
- Па, да...
- Нејќеш да ја истрескаш?
- Не.
- Дури и кога би ти дала од прва!? Дури и да ти се смешка и
да ти ги испакне цицињата? Или, пак, не знам, да ти се
натрти и довикува - “Дојди плесни ми го”?
- Не, не...
- Не, а!?
- НЕ!
Настана куса пауза. Па, продолжив.
- Ти мора да си буљаш бе брат!?
- Абе доста, не сум јас никаков буљаш...Туку, зависи... не
знам стварно...
- Будала си каков си? Чекаш ли таа тоа навистина да го
стори?
- Ама...
- Нема ама. Стварно бе, ти глуп си или глуп си? - попиздив
зашто Злате навистина беше глуп.
- Ние сме пред сè другари! Сфаќаш? Обиди се тоа некако да го
сконташ!
- Абе кои “другари” љоко еден. Кажи ми како тоа некому му
дозволува да ù го гали пиченцето... а тебе, а тебе, ко на
пр. те тера да ù ги носиш тефтерите и книгите од факс. Е да
не забораваме притоа ти вика “браво Злате ти си добар
другар”...
- Е шо сега и?
- И сега... зошто некој ја легнува, а ти не... како бе
одредува кој да ù биде другар, т.н. книгоносач, а кој да ја
ебава т.е. ебач?
Попусто “крварев” додека му објаснував.
- Не знам бе не знам, шо не ја прашаш неа ко си умен толку?
- Види, јас можам да ја ебам само, но не и да ù поставувам
прашања!
- Седи мажиште!
- Ајде бе во ред, Злате не можам со тебе. Биди и ти понатаму
верен другар. Само пази на ова: жените сите шо не сакаат да
ги издупат, ги прават другари или така нешто... па сега ти
увиди!
Потоа заќутевме и двајцата. За волја на вистината и јас
(Станко) откако дојдов тука (Скопје) на студии им станав
другар на еднооо... 20-30 пичиња овдека.
Луѓе, тој факт просто убива.
Секунди потоа во собата фуриозно влета цимер ми Бранко. Шест
години беше тука. Ебен ветеран. Бранко беше бетер од мене.
Последен пат клецна во јуни.
Да, и сега сме јуни, само што помина цела една година од тој
првоспомнатиот. Жал ми беше за него... тука тој вложуваше
труд секојдневно.
- Пичка ù матер еј, да ù ебам сè! - се изнаразвика уште од
влегување.
- Која бе брат, која е сеа? Онаа од Виница, а? - прашав.
- Ами која?
- Епа да ја ебам и јас неа значи... три дена ù ја пишевме
ебената семинарска, а ти, ти тенџере ù викаш - седи, злато
ништо не треба... знаеш сега шо?
- Шо?
- Е седи на куров сега!
Бранко удри со тупаница во орманчето.
Удри и по маса, па стана, два-три пати ја зареди вратата...
и ја проби! Бравата излета во ходникот. Вторпат беше во
месецот да ја скршиме.
Леле, ќе дојди управникот сега. Ќе го попушиме еј!
Првиот пат, имено ,јас ја залупав, откако (не знаете, нели)
ТАА фати џенем одовде. Му се пуштив на Бранко:
- Ало Бранко шо правиш ебате? Сега ќе треба неа да ја викнам
и покрај шо ќе ја ебам ќе треба и нова врата да ми
намести... слушаш еј!?
- Леле бе... леле бе... како се нервирам... - викаше Бранко
мавтајќи со рацете во вис.
- Ти си крив... - провоцирав.
- Не јади гомна!
- Океј,океј...
Оставив малце простор да дише. Па, продолжив филозофирајќи:
- Шо стори бе... кој од кој сме... тинкач поголем... а да се
погодев во некое ебачко друштво покрај вас и јас ќе ебнев
нешто... Ти ебаммм друштвото... ти ебамммм... атмосферата...
тинкаторска!
- Еј ај не се нервирајте за глупости... ќе биде и подобро -
се вмеша сега и Златко.
- Ти ќути. Оти кој ќе те слуша ако почнеш да нè советуваш
како да другаруваме со женските... Сигурен сум знаеш дека
твоето име ЗЛАТЕ, е со огромни букви начкртано во нејзиниот
“другарски” споменар - реков.
- Гомнојадец... - дофрли Злате.
- Е шо да правам? Да ебев, ќе се смеев, ќе бев ќефови
целиот, ама вака?
И така. Дојде време јас да се обидам малку. Не бев некој
голем оптимист. Излегов на балкон, го извадив мобилниот и
завртев.
- Еј кај си ти?
- Еј Станко...
- Да, арна си?
- Аха. Ме начека кај шо пишувам.
- Шо пишуваш!?
- Семинарска. Поправо еден другар ми ја пишува. Јас му
помагам само.
- Абе аман. Му помагаш? Го куражиш?
- Му диктирирам.
- Ха! На шо?
- Аххх кога ќе те фатам јас тебе...
- Знам дека ќе ме фатиш, ама прашање е само кога?
- Не знам.
- Кој знае?
- Шо се однесува до мене... може да чекаш и цел живот!
- У пичку матер!
- Шо рече?
- Ништо, ништо... и кога ќе се видиме? Утре? Задутре?
- Идната недела... ми се чини...
- Ти си чини?
- Имам многу за учење...
- А да, да. Ќе се чуеме, чао!
“Цел живот да чекам”!? Да бидам другар ко Злате? Да кршам и
лупам наоколу ко Бранко?
Е сега ми беше дојдено преку кур!
“Ќе ве чекам, ќе ве ебам сите! Има чаре еј, таму негде
секогаш постои АЛТЕРНАТИВА!!!”
Влегов во читалната. Имаше неонки, пичиња во тренерки и
скрипти насекаде. Злате веќе читаше. Му ги зедов клучевите
од југото.
- Кај одиш идиоте? - давајќи ми ги, ме праша.
- На пичка - горделиво возвратив.
Запалив количето. Не требаше многу возење. Две, три, кој
брои веќе, висеа на аголот кај бензиската.
Паркирав и излегов. Ја испружив раката нанапред и на
највисоката од нив ù покажав да се нацрта пред мене.
- Курва си? - полн со трема прашав.
- Не... - се насмевна таа.
- Курва си? - повторив нервозно.
- Мими сум.
- Мими а?
- Се викам Мими...
- Аааха! Океј а јас па мислев дека се викаш курва.
- Мими мала те замара ли малиот? - довикна нејзиниот дебел
“заштитник” кој се појави на другата страна од улицата.
- Не, не, сè е во ред. - му одговори Мими.
- Сигурно?
- Ахам.
Сфатив дека се однесувам глупаво. За да го поправам општиот
впечаток, реков:
- Фала... ама извини... првпат идам на... (се думав некое
време) на... курва!
- Имаш кеш? - ме праша.
- Имам околу 50 евра!
- Те бива ко така. Супер си знаеш...!
- Еии? Мислиш? А да се повозевме наоколу? - мангупски ù
предложив.
Влеговме во југото и тргнавме.
- А сега каде!? - прашав.
- Вози право...
- Возам право, срц, ова е “Партизанска”...
- Ти само вози, ќе ти кажам... ехее уште 50-тина метри...
врти тука... десно, десно! Е така, ајде сега пак право...
добро... гледаш таму кај е темно?
- Оххх Мими... само темничишта гледам пред себе... - се
изразив поетски.
- Хаха...
- Знаеш, писател сум!
- Дете, ај не ќе си муабетиме цела вечер... гајле ми е шо
си!
Почна да се
соблекува. Без да ù речам. Нит помош за градникот не побара.
Брилијатно. Гледав збунето.
Ме праша: - Сакаш тука или на задни?
Се исклучив скроз. Ја фатив за цицката која ù беше мека,
многу мека ко моето сино јорганче.
За секунда веќе беше гола. Ја барав пичката, кај ù е
“златната”? Кога ми ја покажа пичката... се запрепастив!!!
У пичку матер еј!
Едно месо ваму, друго месо таму, трето пак на асфалт!
Ми личеше ко, ко ШАМБРЕЛА СКИНАТА. (или ко амбрела?!)
- Ох...
- Шо е? Да не виде првпат “маченце”? - остро ме праша.
- Не, не... ама одамна немам видено... сепак, може орален?
- Како? Шо?
- Може да ми го голтнеш?
- Може, само тоа ќе те кошта дополнителни 10 евра!
- Може, може!
Ě платив. А шо сега ако дојдат џандари? Океј, не идат
џандари, размислував. Мими не чекаше многу. Ми го голтна и
почна да ги клачка забите.
- Чекај, чекај малце... - реков.
- Шо?
- Охохохо! Чекај, чекај...пополека!
Беше точна, брза и прецизна. Како 100 години да ми го имаше
лапано.
- Еј, ајде сега заврти се... сакам да ти го начукам
отпозади... - влегов во филм.
Турнав три-четири пати...
- Чекај... - реков.
- Шо е пак сега!? Ц ц ц... мали бе, си свршил!
- Аха... почекај некоја минутка... еј, ама во меѓувреме нема
да се бацуваме в уста!?
- Уживај!
Изминаа неколку минути. Сега не размислував дали ќе дојдат
џандарите, туку дали сум превозбуден оти сум немал толку
време секс или оваа е извонредна пусица.
- Може сега? - ме праша ко да губи време.
- Спремен сум!
За неколку минути бев готов. Исцрпен. Рацете ми отрпнуваа и
се прашував како ќе го вртам воланот. Во југото баздеше на
сперма.
Додека возевме само ми рече: - Следниот пат кога ќе доаѓаш
мене пак побарај ме!
А јас пак ù одговорив: - Работата е да не доаѓам... ама ако
дојдам давам збор дека тебе ќе те побарам!
Стигнавме назад од каде што ја собрав. Апла беше празно.
- Ете... стигнавме, кај ти е газдата!?
- Немам поим. Требаше тука да е!... - рече Мими и погледна
загрижено во часовникот.
- Може да ти правам друштво додека го чекаш... - ù
предложив.
- Ако тебе не ти пречи...
Гледав накај факултетите и таа тоа го забележа па ме праша:
- Тука учиш?
- Аха...
- На кој факултет?
- Хмм... Астрофизика!
- И како е!?
- Не баш сјајно. Гледаш вамте-тамте разно-разни пичиња со
скрипти в раце...
- Знаеш и јас кога би имала прилика би сакала да се запишам
на факс.
- Дупиш?
- Озбилна сум. Ќе студирам некој странски јазик... хмм,
италијански можеби!
- Седи не зафркавај... Седи си.
- Аман бе зошто?
- Сега барем вака знаеш на шо си!
Се заќутивме некое време. Тишината ја прекина Мими:
- Еј, сè сè, ама името не ти го чув?
- Станко - одговорив, па се досетив: - Знаеш од кај доаѓа
името Станко?
- Не.
- Од тоа шо постојано куров ми е станат!... - последните
зборови веќе низ лудачка смеа ги кажав.
- Станко? - смеејќи се, ме праша.
- Да, тој сум!
- Смешен си...
- Фала.
- Не навистина...
- Мислиш имам смисла за хумор?
- Имаш...
- Не претерувам?
- Ич.
- Супер. Да не се дупеше наоколу по толку ќе те земев за
жена... - и повторно лудачкото смеење ме издаде.
- Па од кај си сигурен каква жена ќе земеш? - сериозно ме
праша.
- И тоа шо викаш... можно е некоја од твоите колешки!
- Ахахаха! Ќе ти ги бацува бе Станко децата пред спиење...
- Не, не кога ќе размислам потрезвено подобро ќе останам
самец... до крај!
- А имаш ли девојка?
Тука ме здрви.
- Не. Шо мислиш ако имав ќе барав “услуга” од тебе? -
подналутено ù одговорив.
- Сигурно постои некоја која ја сакаш?
“Проклети курви значи” - во себе си реков. “И тие имаат
слушнато за љубовта.”
- Да, да секако... - по подолга пауза ù одговорив.
- Како се вика?
- Не е битно.
- Океј, пред малце спомна дека си писател, пишуваш?
- Да.
- И? И се допаѓаат твоите дела?
- Па не баш. Вели дека сум затапен шовинист.
- Ако. Нека ја така.
- Мислиш?
- Море гони ја у пичку матер ако не ја разбира твојата
литература бе дете! - избувна Мими и почна да се кикоти.
- Да! И јас тоа го тврдам постојано!
Во тој момент, се појави нејзиниот дебел чичко.
- Морам да одам... Чао - рече Мими и излезе од колата.
- Важи ù реков... се гледаме... Па-па. - и ù мафнав и
заминав.
Кога се вратив назад, го видов Бранко, како ја поправа
вратата... Не можеше да ја поправи. Вратата овојпат не се
поправаше.
|
|
|