Маргина

 Најнов број | Маргина во Точка | Архива... | On-line текстови... | Контакт |

Маргина 68 - избор од содржината

МЛАДА МАКЕДОНСКА ПРОЗА
Тектонски потреси
..................................................
Наташа Гелева
The meeting


Носејќи го со себе врачарското стапче, од некаде се појави некаква квака во мојот џеб, можеби од некоја врата од студентскиот дом. Влеговме во Сур-реал, со ниски, меки фотелји и нешто што личеше на ембрион во течност. Ги припивме лицата до стаклото, као хипнотизирани од глетката. Јас седев како ага, со едната рака спружена на потпирачот, а со другата држејќи го својот жезол, врачарското стапче што всушност беше некој сув корен кој на крајот имаше задебелување што личеше на лице од девојка искривено на едната страна од многу силен ветер. Местово ме потсетува на Кора од Пеколен портокал, тука има чувство на студенило што провејува и внесува дистанца во комуникацијата со луѓето, исклучува емотивност. Така и ми одговараше. Само ме изненадуваше како Ема со толкав ентузијазам ги прераскажува по којзнае кој пат настаните од денешниов ден. Денес беше исклучен каков било разговор за мажи, но на крајот Ема ги погледна кваката и врачарското стапче, што до последен момент ги задржав кај себе, и рече: “Ете кај се криеле мажите!” А она облаче во вид на стрелка нè предупреди: “Нема Фројд за денеска!” Изгледаше како Зевс да ни го испраќа како предупредување во вид на грмотевица. Пред да излеземе, Ема реши да ја украде лажичката за чај и ми рече: “Ќе биде твоја додека живееш кај мене”. Никогаш досега не сум обрнувала внимание на лажички, но оваа почна да ми се допаѓа, или помислата дека ќе биде моја. Беше долга, со тенка дршка што штрчеше како јарбол на едрилица. Но кога сите си заминаа од студентскиот дом, на лажичката ù се загуби секоја трага и никој веќе не помисли на неа.

 


 
 
Наташа Гелева.................................... The meeting
Димитар Самарџиев.................................... Ни беше жешко
Алекс Букарски.................................... Алтернативна женска
Бошко Бозаџиевски.................................... Во потрага по мирен сон на еден искомплексиран идиот
Маја Танева.................................... Сценарио
Сотир Ристо.................................... Ќелавко
Данко Илиќ.................................... Една беспомошна бранова должина

 
<< назад кон содржината

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |