Маргина

 Најнов број | Маргина во Точка | Архива... | On-line текстови... | Контакт |

Маргина 68 - избор од содржината

МЛАДА МАКЕДОНСКА ПРОЗА
Тектонски потреси
..................................................
Маја Танева
Сценарио


Ајде, ајде наивно девојченце, направи ми го кеифот. Кондуктерот ми кажа од која сорта си. Не смееш да си помислиш на ништо ‘рѓаво. Првин од долу па накај центарот. Горештини, а? Видов јас по начинот на кој си ги поткреваш чорапите дека не го правиш тоа несвесно. И јас имав една таква, една иста таква дома. Носеше широки работи како тоа да е неопходно. Ако ти ја врзам една! Не смееш уште еднаш да си помислиш да се помрднеш кон куферот. Следниот пат ќе те силувам па потоа ќе ти се заканувам. Следната станица е Опае. Насилен регион, а? Ех, ако има следен пат... Грдо девојчиште со убав задник. Ми се фалеше... Оној селанецот се фалеше дека си била тамам. Сакаше нешто да ми каже со тоа! Селанец! Гадлива гнида! Кај таквите како тебе секогаш се чита некоја страст, дека ќе го освоите светот или нешто слично. Оди, оди поблиску... Па ќе те дофатев лесно, да не сакав да биде сето ова вистински хигиенски. Знаеш, јас сум светски човек, јасно ми е дека работата мора да биде на чисто. Свадбарски што би се рекло. Уф! Што е горештина деновиве! По ѓаволите мала курво, седи мирна! А, ти се допаѓа да те викаат така? Татко ми беше доктор... по општа медицина... сакаше чистота, бланко меница (хе хе хе) не смее да дозволиме они да заебат! Уф! Какви облини! (Во злото е напредокот! Во злото е напредокот!) Каква кожа... Ти посакувам со омразата, што за навек ја наталожив во тебе, да станеш политичар; каков поглед! А, ти си по уметноста. Само за жал многу е голем јазот меѓу твојата опција и онаа на светот. Сиромаштијата не ти овозможила правилно образование! Рашири ги нозете малечка... Глупости, само си играм со тебе. Не мора тоа да го правиш. Можеш да плачеш, еве на пример, ако сакаш. Ете така... гледаш, па ние веќе наоѓаме заеднички говор. Исплачи се, исплачи се... социологијата ќе ни биде благодарна. Мајка ми велеше: “Ништо не е подобро откако човек добро ќе се исплаче”. Види се каква си! Се лигавиш како прв пат да гледаш како се парат животинските видови. Ние луѓето дури сме и цивилизирани. Уметноста ќе те одведе на правиот пат. Верувај во уметноста. Веруј! Ајде наивно девојченце; имам салотејп во ташната, отсега ќе се гризеш навнатре, девојче на залезот. Ах, колку поетски. Јас и ти сами во купето.

 


 
 
Наташа Гелева.................................... The meeting
Димитар Самарџиев.................................... Ни беше жешко
Алекс Букарски.................................... Алтернативна женска
Бошко Бозаџиевски.................................... Во потрага по мирен сон на еден искомплексиран идиот
Маја Танева.................................... Сценарио
Сотир Ристо.................................... Ќелавко
Данко Илиќ.................................... Една беспомошна бранова должина

 
<< назад кон содржината

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |