Ако сте во дилема дали да се греете на дрва или пелети направивме калкулатор кој ќе ви помогне да го откриете поекономичниот начин на греење.
Огревниото дрво е најчестиот начин на греење во нашата земја. Од поново време како алтернативно греење граѓаните на располагање ги имаат и пелетите.
Пелетите се попрактични и загадуваат 30 пати помалку од огревното дрво. Истури ја вреќата пелети во печката, стисни копче и завршена е работата. Пелетите се чиста работа.

Но, дали пелетите се поевтини од дрвото?
Еве како ги правевме пресметките. Ја земавме енергетската вредност на дрвото и на пелетите изразена во kWh. Енергетската вредност на дабот кој има 15% влага е 1890 kWh/m3. Додека висококваитетен пелет од А1 категорија има енергетска вредност од околу 5.2 kWh/kg. Значи земавме висококвалиетно дрво и го споредивме со вискококвалитетен пелет.
Земавме во предвид дека ефикасноста на печка на дрва е 70% додека на пелет е 80%. Како цена метар кубен дрва ја земавме 4500 денари додека вреќа пелет од 15кг за цена од 250 денара.
Резултатите се следни:
Дрва 3.4 денари за kWh
Пелет 4 денари за kWh
Значи, на хартија високвалитетен даб со 15% влажност е малку поевтин од пелетот А1 категорија.
Но, реалноста на терен е малку поинаква.
Веројатноста дека ќе најдете високвалитетен даб со 15% влажност е многу ниска. Многу поверојатно е дека ќе ви продадат свежо сечено влажно дрво, па вие снаоѓајте се. Калориската вредност на влажното дрво е драстично помала.
Во тој случај јасен победник е пелетот.
Предноста на пелетот е дека енергетската вредност е веќе декларирана и знаете што добивате додека со дрвото е малку потешко.
Скорешните најави за нормализирање на цените на пелетите е уште еден аргумент во нивна полза.
Направивме и калкулатор со кој можете да ги споредите дрвата и пелетите.
