Кој не ја читал (или гледал) драмата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ би требало да го стори тоа. Одлични и комични ликови, заплет и неочекуван пресврт. Иако се работи за едно поинакво време, сепак темите се актуелни и денес.
Живееме во време на лажни вести кога вистината е она што ви го кажуваат медиумите. Така се гради јавното мислење или се продаваат производи.
Вештачката интелигенција е се подобра во препознавањето на матриците на човечкото однесување и во предвидувањето на нашите интереси и желби. Компаниите како Фејсбук добро го знаат тоа.
Но, вештачката интелигенција освен што учи за нас, може добро и да не имитира. Нашиот начин на зборување, изгледот или однесување се очигледно лесен залак за алгоритмите, но прашањето е колку самите можеме да го разликуваме лажното од вистинитото?
Пробајте сами.