Прва научна опсерваторија на Косово – до каде е Македонија?

За почеток неколку „забавни“ факти:

  • Владата на Косово донирала 300.000 долари за изградба на првата научна опсерваторија во Косово
  • Во Македонија обидите за изградба на научна опсерваторија датираат од 1960-тите, без поддршка од ниту една власт (освен на „жими мајка“)
  • Во 2023 владата на Бугарија, преку Академијата за науки, одобри 1.789.522 евра за обнова, изградба и купување на најголем телескоп на Балканот (1.5 метри). Бугарија има две опсерватории од 1981 година.
  • Астрономската опсерваторија во Белград (Србија) е основана во 1887, а има и уште една астрономска станица блиску до Прокупље
  • Во Грција ваква опсерваторија постои од 1842 година, а денес таа има 4 ограноци.
  • На Балканот астрономска опсерваторија немаат само Македонија, Албанија, Црна Гора и Бих
  • Македонија го има Кокино, четврта најстара мегалитска (архео-астрономска) опсерваторија на светот, изградена пред речиси 4.000 години (сепак, официјално не признаена од УНЕСКО).
  • Македонија има планетарум од 1972 година, има/ла десетици списанија за физика и астрономија, неколку астрономски и истражувачки друштва (5-6 според нас), студии по астрономијаКосово нема ништо од тоа, но сега има Национална опсерваторија.
Посетете го сајтот или симнете го плакатот.

Веќе пишавме во два наврати за отворањето на првата научна опсерваторија на Косово која ќе биде отворена на 19.06.2024 година, која во голема мерка е заслуга на една студентка.

Како една студентка од Косово за 10 години успеала во тоа што десетици експерти во Македонија не успеале за 60 години?

Пранвера Хисени сега е на магистерски студии на УК Санта Круз.

Во 2015 година, Хисени го основала Astronomy Outreach of Kosovo, невладина организација посветена на истражување, јавно информирање и политичко застапување за проекти поврзани со астрономијата, планетарната наука и вселенското истражување во Косово. АОК во соработка со Министерството за образование, наука и технологија на Косово со цел да донесат предавачи во училиштата низ целата земја, со крајна цел да обезбеди доволно ресурси за изградба на првата опсерваторија и планетариум во Косово.

Новиот објект, во гратчето Штиме, се состои од планетариум со 50 седишта под купола широка 9 метри, а веднаш до неа куполата широка 6 метри која ќе служи како опсерваторија со телескоп од 14 инчи, донација од Celestron. Најголемиот соларен телескоп во источна Европа (Lunt LS152 Hydrogen алфа, ќе биде инсталиран на терасата на опсерваторијата бидејќи е преголем за да се смести под куполата. Телескопот е донација од непрофитниот проект за соларна астрономија Чарли Бејтс (CBSAP) со седиште во Атланта.

Покрај великодушните донации од водечките производители на телескопи, Националната опсерваторија на Косово беше реализирана со околу 300.000 евра владини средства за нејзината изградба. Хисени поднела петиција за парите во Собранието додека била на додипломски студии во Косово, во име на непрофитната организација што ја основала. Многу поединци и организации ширум светот му помогнале на АОК да ја постигне својата цел откако Хисени им се обрати првпат во 2010 година.

„Националната опсерваторија и планетариум ја симболизираат отпорноста и решителноста на Косово да ја обнови нашата нација преку образование и научно истражување“, рече Хисени. „Оваа значајна пригода не само што ќе ја означи кулминацијата на годините напорна работа и посветеност, туку и ќе послужи како катализатор за инспирација на идните генерации научници и иноватори во Косово.“

Во блиска иднина, објектот ќе биде целосно зависен од приходите остварени од посетителите, со планови за аплицирање за грантови во иднина.

Извор

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *