По нашето видео за Никола Тесла, ви подготвивме ново за Исак Њутн.
Овие едукативни видеа се дел од нашите напори за збогатување на мултимедијални содржини на македонски јазик.
Зошто е тоа битно?
- Алатките за генеративна вештачка интелигенција им овозможуваат на сите лесен, брз и (делумно) бесплатен пристап до информациите, како и нивната визуелизација и анимирање.
- Секој со малку знаење и трпение да може да создаде интересен и едукативен материјал.
- Земјите кои страдаат од недостаток вакви содржини и генерален пад во креативноста, како последица на нестимулативна средина, економски тешкотии и „одлевање на мозоците“ – сега можат да го надминат тоа и да бидат дел од светот.
- Со создавање едукативни, модерни и интересни содржини на македонски јазик ја развиваме домашната култура, го зацврстуваме нејзиното место во светот и го зачувуваме нашиот идентитет.
Приклучете се на иднината!
Во меѓувреме погледнете ја нашта книга „Јаболкото на Њутн и други необични факти од животот на Исак Њутн“.