OpenAI штотуку објави огромно ажурирање за сите корисници на ChatGPT Plus, овозможувајќи им пристап до веб-прелистување и 70 бета-плагини (додатоци).
Бета-плагините вклучуваат огромен опсег, од конверзии од текст во аудио до податоци во реално време за банкарски акции и крипто валути. Сепак, функцијата прелистување на веб е можеби најбитната (и најопасна) апликација.

За да пристапите до овие ажурирања, стартувајте го ChatGPT, кликнете на вашето корисничко име во долниот лев агол, изберете „Settings“, потоа „Beta features“. Од ова мени, активирајте ги функциите кои сакате да ги користите.
Создавањето на плагин за ChatGPT во моментов е веројатно еквивалент на можноста да се создаде апликација за продавницата за апликации за iPhone на времето. Веројатно треба да се придружите на списокот на чекање за развивачи на плагини што е можно поскоро.
- Не плашете се од „АИ!!“ мечката, приклучете се на револуцијата!
