HeyGen е апликација која се рекламира со слоганот: „No camera. No crew. No problem” која ви нуди реалистични аватари за подобрување на вашата видео продукција.
Се што треба да направите е да изберете аватар, да му дадете текст и готово!
Интересна е и опцијата со која можете да направите аватар според вашиот лик и глас.
Не ви требаат вештини за едитирање видео, а сите потребни шаблони, аватари, прилагодувања на гласовниот тон и брзината, уредување на страници, интерфејс, ChatGPT за пишување се веќе интегрирани во апликацијата. Не треба да користите други апликации. Синхронизацијата на усните и движењата на лицето се реалистични.
Навистина живееме во иднината!