Во пресрет на Ai Tech Summit во Скопје за кој влезниците се од 300-700 евра (и се поставува прашањето за кого всушност е овој самит!?), како непрофитен портал кој работи за доброто на Македонија и народот, решивме да сумираме што направивме досега на полето на вештачка интелигенција во (и за) нашата држава.
Па еве, ова се некои од работите кои ги направивме на полето на АИ во Македонија:

1) Трениравме први модели со Stable Diffusion за генерирање слики со ликовите на нашите великани (Горан Стефановски, Петре М. Андреевски, Тоше Проески, Ѓорѓи Абаџиев, Ацо Шопов и други)
2) Направивме прв македонски бенчмарк тест (македонскиот панграм кршач) со кој може да се тестираат и споредуваат јазичните модели
3) Направивме прва графичка новела на македонски јазик со употреба на генеративна АИ

4) Развивме и споделивме за бесплатно користење повеќе апликации за употреба во полето на културата, литературата, креативноста, екологијата и енергијата – сосема со помош на АИ (без програмерско познавање) – Јазични алатки на Арно.мк, Калкулатори итн.
5) Направивме серија визуелни приказни (Скопје) за различните проблеми во градот со помош на АИ
6) Тестиравме и анализиравме многу АИ апликации
7) Направивме први едукативни видеа во МК (Никола Тесла, Исак Њутн, Македонски говори) со помош на АИ
8) Постојатно известувавме за новите случувања во светот на АИ
9) Го направивме првиот македонски краток анимиран филм со вештачка интелигенција и трејлер за филм правен со АИ
10) Направивме десетици туторијали за користење на АИ апликации
Меѓу другото, постојано пишувавме и апелираме за употребата на вештачка интелигенција во различни полиња во Македонија, особено тие поврзани со културата, креативноста, технологијата и екологијата.
Нека е за арно!