Изминатава недела беше (можеби) најлуда од времето кога се појави ChatGPT. Да му дозволиме на Мет Волф, најактивниот корисник и известувач за случувањата на полето на ВИ да ни раскаже.
Ова се десетте најнови вести од светот на вештачката интелигенција
1) OpenAI драмата заврши?
Најголемата вест е секако драмата во OpenAI, за која што веќе пишувавме.

2) Дали Кју Стар беше причината за отпуштањето на Сем Алтман?

Извршниот директор на OpenAI беше отпуштен (па повторно вратен). Се поставува прашањето зошто. Најновата шпекулација е дека причината бил проектот Q*. Се верува дека проблематичниот проект е Q* (се изговара Q-Star), потенцијален пробив во потрагата по вештачка општа интелигенција (AGI). AGI, како што е дефинирано од OpenAI, вклучува автономни системи кои ги надминуваат луѓето во економски вредни задачи.
3) ChatGPT voice е достапен во бесплатната верзија
Еве упатство како да го активирате:
4) Inflection AI
Inflection AI го разви четботот Pi, нов модел на вештачка интелигенција за кој компанијата тврди дека може да ги надмине двете популарни алтернативи развиени од Google и Meta – и се стреми да го стигне водечкиот модел на OpenAI, GPT-4. Што мислите вие, дали има шанси?

Се гледа дека учел од Википедија!
5) Claude 2.1

Од неодамнешното лансирање, Клод беше користен од милиони луѓе за различни задачи. Сега, со зголемена граница од 200.000 токени, корисниците можат да аплоадираат обемни документи, од технички бази на кодови до литературни дела. Способностите на Клод вклучуваат сумирање, прашања и одговори, прогнозирање на трендови и споредба на документи.
6) Grok
Илон Маск објави дека претплатниците на X Premium+ од оваа недела ќе можат да го користат чет-ботот на xAI, „Grok“. Компанијата во сопственост на Маск нагласува дека Грок ќе се истакне со карактеристична личност, одговарајќи на прашањата на корисниците „со малку духовитост“ и со „бунтовничка нишка“. Грок има за цел да одговара и на „незгодни“ прашања на кои другите системи за вештачка интелигенција нема да одговорат.
Јасно е дека Грок ја отсликува личноста на Илон Маск, но се поставуваат прашања за потенцијалните последици, како на пример дали Грок би одговорил на прашањето „како се прави бомба?“. Ако не одговори – дали е тоа цензура?
7) Бард сега може да гледа видеа на YouTube за вас

Бард, доби можност да „гледа“ видеа во ваше име. Екстензијата може да анализира видео содржина и да нуди информации без да бара од корисниците сами да ги гледаат видеата. Оваа функционалност се проширува на детали како што се состојките во видеата со рецепти. Написот истражува за потенцијалните импликации на оваа технологија врз креаторите на YouTube, поставувајќи прашања за тоа како Google планира да ги компензира создавачите за користењето на нивната содржина.
8) Мајкрософт објавува Orca 2, пар мали јазични модели кои ги надминуваат поголемите

Мајкрософт го претстави Orca 2, компактен јазичен модел кој ги надминува своите поголеми колеги. Орка 2, и покрај тоа што е помал модел, се истакнува во задачите за расудување. Мајкрософт го постигна ова со обука на Orca 2 на високо приспособена синтетичка база на податоци, овозможувајќи и да научи различни стратегии за решенија за различни задачи.
9) Stable Video Diffusion

Иако е се уште достапен само на истражувачи, ова е возбудлив проект. Не толку заради резултатите, кои се слични (или полоши од) Runway и PikaLabs, туку заради отворениот карактер на Stable Diffusion. Познато е дека преку GoogleColabs секој корисник може да тренира модели со база на слики. Така ние ги трениравме моделите на Горан Стефановски, Ацо Шопов, Ѓорѓи Абаџиев, Тоше Проески и Петре М. Андреевски. Замислете истото да можеме да го направиме со видео модели!
Еве каде можете да го пробате (или тука), најверојатно ќе ви даде резултати дека е зафатено… имајте трпение. Недостаток е тоа што не освен сликата која сакате да ја анимирате не можете да додадете наредба (prompt) која е клучна за стилот на сликата која сакате да ја анимирате. Процесот е доста поспор во однос на Runway и PikaLabs.
10) Eleven Labs Speech-to-Speech

Клонирајте го сопствениот глас со Eleven Labs. Уште една корисна алатка е контрола на интонацијата. Можете да прочитате некој текст, а потоа да го замените со друг глас (на познат актер, на пример) и тој да го исчита со одредена интонација, нагласување зборови, паузи и слично.