Како да креирате ваши новинарски видео прилози со вештачка интелигенција?

Ве интересира како да креирате ваши новинарски видео прилози?

Исто како и со се друго денес – потребно е само да имате идеја, а креирањето на содржината можете да го оставите на вештачката интелигенција. Се разбира, користењето на овие технологии треба да биде одговорно, зашто лесно може да се искористат за создавање лажни вести.

Ние, се разбира, го направивме токму тоа! Сепак, нашите вести се со сатирична содржина и ги нарековме „Чукнати вести“, како алузија на терминот Breaking News. Содржината е целосно измислена и напишана исклучиво за забавни цели.

За да ги визуелизирате вашите прилози може да ги искористите апликациите како Vidnoz или Elai. Од нашите експерименти произлезе ова.

TOKMAK – прв македонски нуклеарен реактор

Македонската агенција за атомска енергија денес со гордост го претстави најновиот нуклеарен реактор во земјата, наречен ТОКМАК (Термо Објект за Контролирана Магнетна Ајвар Конверзија). Овој револуционерен уред, инспириран од рускиот „токамак“ дизајн, наместо водород користи пиперки и патлиџани за да произведе плазма од ајвар.

“Конечно го решивме проблемот со енергетската криза и вишокот на зеленчук”, изјави главниот научник д-р Трајче Малиџанов. “Со ТОКМАК, Македонија ќе стане првата земја што ќе произведува електрична енергија од лутеница.”

Експертите предвидуваат дека реакторот ќе произведува доволно енергија за да ја снабдува целата земја, плус ќе остане вишок за извоз на ајвар. Единствениот несакан ефект е што целата област околу реакторот мириса на чад.

Веста е напишана во стилот на овие весници со измислени вести:

Според нас овие апликации имаат неколку предности и недостатоци.

Недостатоци

  • Недоволно гласови – се уште доминира гласот „Марија“ кој е вграден и во пакетот на Мајкрософт
  • Синхронизацијата на македонски јазик е сомнителна
  • Ограничен број генерирања со бесплатниот пакет
  • Експортирање на видео до 720p со бесплатната верзија

Предности

  • Голем број на јазици, вклучително и македонскиот јазик
  • Различни темплејти кои се применливи за различни намени (вести, презентации, образовни намени, њузлетери и слично)
  • Можност да дадете професионална визуелизација на ваши новинарски прилози
  • Апликациите брзо се развиваат и ќе стануваат се подобри

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *