Маргина

 Претходен број | Маргина во Точка | Архива... | On-line текстови... | Контакт |

МАРГИНА 70
содржина

 

Филип Дик
По објавувањето на новелата Малцински извештај, која неодамна излезе во издание на Темплум, во оваа Маргина ви го преставуваме славниот СФ автор од неколку аспекти. Филип К. Дик успеа да стане култна фигура не само меѓу пасионираните љубители на научната фантастика, туку го прифатија и почнаа да го почитуваат и пошироките книжевни кругови, оние кои по постмодернизмот повеќе се отворија кон жанровските текстови, особено кон научната фантастика. 
 
...повеќе


Виктор Шиков
Траење
...метафората за - Киборгот, теоретско-стратегиското чедо на доктор Дона Харавеј, која афектот на својата академска потреба за конструирање сподвижен феминистички дискурс, го вообличи во божемна фама околу “Манифестот на киборзите”
...
повеќе


Владимир Лукаш
 цртежи
Низ разни делови на списаниево поместивме дваесетина цртежи на Владимир Лукаш. Во јавноста - всушност во еден многу мал издвоен дел од македонската, а пред сè скопската јавна сцена - Лукаш (1978) е познат пред с* како перформанс-мајстор
 
...повеќе


(Од)воените генерации (поезија од Балканот)
Ана Ристовиќ, Фарук Шехиќ и Татјана Громача
Ана Ристовиќ, Фарук Шехиќ и Татјана Громача ја носат поезијата во стварноста низ свесното фрагментирање на дневните движења во еден поширок историски контекст кој нема никаква важност за опстанокот на светот. Поетиката на иронично реконструирање на заедничкото сеќавање не постои како “порака во шише” за напуштениот читател кој трага по спасоносни кодови. Таа повеќе е реставрација на неоткриеното во едноставноста на човечките релации со димензионираните идеали. Како инаку да се сфати поезијата на новата генерација од овие простори, чиј пубертет беше премин од една идеолошка матрица во друга, чии акни на челото се наѕираа како рани од туѓи убиствени приказни.
...повеќе


 



Филип Дик
Виктор Шиков
Владимир Лукаш
Ана Ристовиќ
Фарук Шехиќ
Татјана Громача
Александар Станковски

Мирче Доневски
Имануел Волерстин
Балкан Арт

 

Александар Станковски
Сновиденијата на Пандалф Вулкански (слики)
Ако се обидам да бидам аналитичен, би рекол дека во неговото творештво доминираат четири теми: самото сликарство (сфатено и како техника, медиум, и како некаква ризница на гестови/манири или архива на архетипски мотиви); политиката (често езотерична, “конспиративна” и карикатурална!); сексот (сфатен делумно и како еминентно сликарска тема на истражување на телото) и пријателството
...повеќе


 Александар Станковски
 Мазги (текст)
Македонската агенција за геостратешки истражувања или скратено МАЗГИ, беше основана во средината на деведесеттите како некаква тајна НВО од група градски дрогераши. Организацијата беше поставена според урнекот на тајните масонски братства, но нивната идеологија беше нешто сосема друго.
 
...повеќе


Мирче Доневски
(1952-2005)
Можеби е спорна, но секако несомнена како чувство, но честопати и како искуство – констатацијата дека духовноста (вибрацијата што зрачи) е повлијателна од артефактите – или барем е вид иницијација за нова културна инкарнација.


Сепак, Мирче Доневски делуваше и како духовен иницијатор, но и како творец кој зад себе остави бројни дела. Како уметник и како општественик кој го внесуваше уметничкиот експеримент но и прогресивните идеи во нашата стварност – културна и политичка. Секогаш беше луциден и прониклив со непогрешливо чувство за уметничката и егзистенцијалната вистина.
...повеќе


Имануел Волерстин
Културата како боиште (полемика)
Оваа кратка полемика за “глобалната култура” дава одличен увид во идеолошките премиси врз кои се засновуваат современите сфаќања на културата. Аргументите на Волерстин се длабоко базирани во неговата левичарска критика на светскиот капиталистички систем и неолибералната експанзија. Волерстин разликува два концепти на културата: збир од карактеристики со кои една група се разликува од друга (концепт 1) и како збир феномени поинакви (или “повисоки”) од други збирови феномени во рамките на иста група (концепт 2). Волерстин смета дека постои долготрајна интелектуална конфузија помеѓу овие две употреби на идејата на културата; тој понатаму тврди дека тоа би можела да биде последица на историскиот развој на светскиот систем и одраз на неговата логика.

 
...повеќе


Балкан Арт
Овој темат е скратена верзија на заедничкиот проект “Што да се прави со балканската уметност” меѓу Маргина, односно Контрапункт и Темплум, и Платформа, списанието на Сорос Центарот за современи уметности - Љубљана (SCCA-Ljubljana).
Овие, како и други текстови и интервјуа, во поширок обем веќе се објавија во Платформа бр.4, (септември 2005) на словенечки, англиски и српскохрватски јазик.
...повеќе

 

 
 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |