Маргина

 Најнов број | Маргина во Точка | Архива... | On-line текстови... | Контакт |

Маргина 70 - избор од содржината

Филип Дик

По објавувањето на новелата Малцински извештај, која неодамна излезе во издание на Темплум, во оваа Маргина ви го преставуваме славниот СФ автор од неколку аспекти. Филип К. Дик успеа да стане култна фигура не само меѓу пасионираните љубители на научната фантастика, туку го прифатија и почнаа да го почитуваат и пошироките книжевни кругови, оние кои по постмодернизмот повеќе се отворија кон жанровските текстови, особено кон научната фантастика. Приказната за Дик е приказна за едно двојство. Тој беше и типичен автор на научно-фантастични романи и раскази, кој објавуваше во евтини списанија и интензивно пишуваше за да преживее, но и автор кој сметаше дека пред сè е филозофски прозаист, писател чија основна цел не е “уметноста туку вистината”. Неговите најдобри текстови се мешавина од научна фантастика, мистицизам, религија, метафизичка и палп драма. Под лесно читливите текстови напишани со јасен, прецизен јазик и директен стил се наоѓа подлабокиот свет кој дише со интензивни емоции, филозофски шпекулации и често шокантни идеи.

 

 


ЗА СТВАРНОСТА

1. “Поголемиот дел од писателите знаат дека во своето дело постојано го поставувам прашањето - ‘Што е стварноста’ и ‘Зошто изгледа дека стварноста се разликува од личност до личност?’”

2. “Кога би знаел што е стварност, би знаел и што е халуцинација.”

3. “Ако двајца луѓе сонуваат ист сон, тоа веќе не е илузија; основниот текст со кој стварноста се разликува од халуцинацијата е цонсенсус гентиум - таа треба да биде верификувана од повеќе луѓе.”

4. “Сакам да си играм со идејата за распаѓањето на основните категории на стварноста, категориите простор и време.”

5. “Имаме и желба сите делови што недостасуваат да ги дополниме на највпечатлив и најнеобичен начин: да го дополниме постоечкото, да ја прошириме конкретната стварност која не ни кажува многу, да го пренесеме својот поглед за некој друг свет.”

6. “Никогаш особено не го почитував она што општо се нарекува ‘стварност’. За мене стварноста не е она што го забележувате, туку она што го создавате. Вие ја создавате побрзо од тоа што таа ве создава вас.”

7. “Стварноста е она што не исчезнува кога ќе престанеме да веруваме во тоа.”

8. “Живееме во општество во кое лажните стварности постојано се произведуваат од страна на медиумите, владата, големите корпорации, религиозните групи, политичките групи. Пишувајќи, јас се прашувам: Што е стварноста? Зашто постојано сме бомбардирани од псевдостварности произведени од многу софистицирани луѓе кои користат многу софистицирани електронски механизми. Не се плашам од нивните мотиви. Се плашам од нивната моќ. Станува збор за зачудувачки голема моќ: моќта да се создадат цели универзуми на умот. Тоа јас го знам. Јас го правам истото нешто.”

9. “Понекогаш полудувањето е најсоодветиот одговор на стварноста.”



 

 
назад кон содржината
 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |