|
Владимир Лукаш
цртежи
Низ разни делови на списаниево поместивме дваесетина цртежи
на Владимир Лукаш. Во јавноста - всушност во еден многу мал
издвоен дел од македонската, а пред сè скопската јавна сцена
- Лукаш (1978) е познат пред сè како перформанс-мајстор
(секогаш меѓу најдобрите на слем натпреварите, на пример!),
кој во своите настапи извонредно вклопува музички,
кореографски и перформанс слоеви (некои негови настапи
наликувале на вистински дада субверзии!) - што сè е дел од
неговата мошне комплексна креативна личност. Лукаш и пишува
(има една објавена па повлечна книга!), а и одлично црта,
често комбинирајќи ги своите цртежи со текст. Учествуваше на
големата групна изложба на помладиот македонски цртеж,
“Цртеж: рт, еж…”, а во Маргина свои цртежи досега објавувал
во неколку наврати.





|
|
|