|
Глокализација
е неологизам кој добро ја објаснува
позицијата на Контрапункт и Маргина:
само длабоко внатре може да се биде
далеку надвор, вон центрипеталната
мелница на нашата паланка, таму
некаде во искрите од мелничките
камења, или мистично заѕидан како
Поовска мачка, како чеширскиот мачор
на Керол, всушност, додека трепкајќи
исчезнуваш и се појавуваш, меѓу
ѕидовите, толку далеку а толку блиску.
 |