Основање
Здружението
на граѓани "Контрапункт" е
регистрирано во Скопје во декември
2001. Негови основачи се: Никола
Гелевски, Искра Гешоска, Александра
Бубевска, Беди Ибрахими, Жарко
Трајановски, Роберт Алаѓозовски (Валандово)
и Никола Маџиров (Струмица).
Јадрото на луѓето околу "Контрапунт"
се активни од почетокот на
деведесеттите меѓу другото и со:
-издавање на магазинот Маргина. Од 1994
Маргина излегува четирипати годишно
објавувајќи текстови претежно од
странски но и од домашни автори од
областа на теоријата на културата,
културната политика,
глобализацијата, феминизмот,
уметноста и литературата и тн.
-организирање локални и регионални
настани (од 1998);
-изведување на проектот "Ширење на
Маргините" (2000-2002);
водење на Културниот центар "Точка"
(од мај 2002)
Мотивот за формирање на здружението
на граѓани КОНТРАПУНКТ е
организирана промоција на
принципите на децентрализација,
демонополизација, демократизација,
дистрибуција и дифузија во
подрачјето на културата и културната
политика.
Идеја
Моќта
е во центарот на културната политика.
Таа е интегрален дел од културата.
Сите означувачки дејствија - односно
сите практики кои имаат некакво
значење - вклучуваат и односи на моќ.
Сакаме да посочиме на постојаните
промени што се случуваат помеѓу
културата, политиката и теоријата во
поширокото општествено поле.
Цел ни е да го развиваме критичкото
мислење наспроти сите
хегемонистички интелектуални
практики.
Ја следиме идејата на Тери Иглтон кој
прави важна разлика помеѓу
академичарите и интелектуалците.
Академичарот е некој кој внатре во
академските институции се занимава
со одредени форми на дискурс.
Интелектуалецот е некој кој се
обидува да посредува
помеѓу институциите и целата култура.
Интелектуалецот не е некој чијшто
занает се идеите (како што е кај
академичарите) туку тој се обидува да
постигне тие идеи да имаат влијание
врз пошироката општествена околина.
Интелектуалецот има чувство за
политичка одговорност!
|