|
член 2
Граѓаните
се здружуваат во “КОНТРАПУНКТ”
заради остварување на поширок
општествен интерес, промовирајќи ги
принципите на децентрализација,
демонополизација, демократизација,
дистрибуција и дифузија во
подрачјето на културата и културната
политика
|
|
член 7
Граѓаните се здружени во "КОНТРАПУНКТ
- Здружение на граѓани од Скопје"
заради остварување на поширок
заеднички интерес и како посебни
цели и задачи се:
- постојано
преиспитување на преовладувачките
начела и стратегии на културната
политика на Република Македонија
- деконструирање
на тврдокорните, зачаурени и
исклучиви културни идентитети и
афирмирање на подвижни, прилагодливи,
хетерогени идентитети
- разобличување
на сите облици на културна
дискриминација
- иницирање
и потпомагање на различни видови
културна продукција на локално ниво
- создавање,
стимулирање и поврзување на
регионални контра-пунктови кои ќе
негуваат блиски културни вредности
- културно
интегрирање на општествено
маргинализираните заедници, групи,
идентитети
- активно
партиципирање во процесите на
културна интеграција на невладините
организации во Југоисточна Европа
|