Контрапункт

 Основање и идеја | Луѓе | Принципи | Од статутот... | Графички материјали | Контакт |

 




Контрапункт Слевање на маргините Tочка Маргина Галерија






Наши принципи

Наши принципи


Промена на атмосферата

Една од главните стратегиски цели треба да биде промената на атмосферата на живеење во регионот.
Сметаме дека сите други горливи прашања се поврзани и се слеваат во ова прашање; од антикорупциските иницијативи, преку меѓуетничките односи, до проблемот на невработеноста - за сите тие клучни регионални проблеми императив е промената во самите луѓе, во општествените вредности, во односите што владеат меѓу нас.
Се разбира, слабости на вака поставената стратегиска цел се нејзината амбициозност, нејзината широчина и неможноста егзактно да се процени (не)успешноста на реализацијата на вака поставената политичка цел.
Сепак, мислиме дека токму обидот луѓето да се помрднат, да променат нешто во своите животи, да почнат да прифаќаат поинакви вредности - е општествен и државен приоритет.
Луѓето во регионот се западнати во апатија, недоверба и цинизам. Општествениот живот се одвива во мали изолирани кругови, политички, економски, медиумски, културни... Недостасуваат придвижувачка енергија, интегративни принципи, надеж во иднината...
Иако многумина мислат дека атмосферата може да се промени исклучиво со работа на економско поле - ситуацијата е многу покомплицирана и бара многу поширок пристап: работата на менувањето на општеството ќе треба да се одвива на сите нивоа, а меѓу најважните се меѓуетничките, образовните, културните, медиумските...
(Спуштањето на земја на дел од забеганите културни елити исто така спаѓа меѓу важните политички приоритети, кој всушност е поврзан со нашата стратегиска цел: промена на атмосферата на живеење во Република Македонија. Потребна е реална проценка на загубарите и кочничарите не само во економијата и политиката туку и пошироко, во образованието, културата, медиумите...)

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |