Бидејќи живееме во оној тип луди и интересни времиња, како што вели
Ниче, кога комедијантите од сите видови стануваат вистински
господари, решив конечно да признаам: Венко Андоновски, кога Хашкиот
трибунал го споредува со Аушвиц и инквизицијата, не е дворски шут
туку наш политички господар!
И уште една работа деновиве сфатив во нашава весела стварност во
која вистината станува, како во Кралот Лир, “пциште што мора да се
прибере во дувлото”: проблемот на комедијантите-господари од типот
на Венко Андоновски не е во нивното евидентно и гротескно
неразбирање на политиката и историјата туку во нешто, според мене,
уште пострашно: во лошиот вкус. Лошиот вкус води во злочин, велеше
Стендал. Примитивизмот, неспособноста да се води принципиелен
разговор, води во силеџиство и бруталност. А дека живееме во
брутализирана култура, чиишто можеби најмаркантен симбол токму е
несреќниот дидактичар кој самиот моли да не биде сфатен сериозно и
со кој преку сила, токму од дидактички причини, мораме да се
занимаваме - не треба многу да се докажува.
Експлозивната смеша од политички комедијант-дилетант, реален
господар и човек со неверојатно низок и лош вкус, значи, е мошне
опасна. Само затоа, повторувам, заради јавната хигиена и
одговорноста да предупредам, многу неволно, свесен дека одговарајќи
на примитивизмот заложувам дел од сопственото достоинство, ви го
испраќам писменцево.
полемики
01. ЗА “МАРГИНАЛЦИТЕ” И “ГЛАВНАТА СТРУЈА”, ПО СТОТИ ПАТ (додека не
се научи)*
02. МОДЕРНИЗАМ ЗА ПОЧЕТНИЦИ
03. РИБОКУЧОПИЛИ ОД ДНОТО НА МОЧУРИШТЕТО(04.04.2004.)**
04. ЛОШИОТ ВКУС ВОДИ ВО ЗЛОЧИН
|