Midjourney е неверојатна алатка за генерирање слики од текст. Според квалитетот сликите се далеку подобри од Stable Diffusion, Leonardo.ai и сличните апликации и за тоа постои причина – Midjourney се плаќа.
Денес излезе V5 на Midjourney и компанијата одобри алфа-тестирање за нивните V5 алгоритми. За да го активираат, корисниците едноставно треба да внесат „–v 5“ по барањето или да изберат „V5“ од менито за поставки.

Што е ново со основниот модел V5?
Моделот V5 може да се пофали со многу поширок стилски опсег и е поприемчив за внесување наредби. Произведува слики со многу повисок квалитет, со зголемување на резолуцијата за 2x и подобрен динамички опсег. Сликите се исто така подетални, со помалку неточности и помалку необичен текст. Моделот V5 има подобри резултати со т.н. “prompts”. Исто така, поддржува „–ar“ (размер) поголем од 2:1.
Што се однесува до стилот и внесувањето наредби за V5, моделот V5 е значително помалку пристрасен од неговите претходници, v3 и v4, и е подесен да обезбедува широк опсег на резултати.
Сепак, ова може да дојде по цена на потешко користење. Кратките „промптови“ може да не функционираат, така што корисниците треба да обезбедат подолг, поексплицитен текст што го опишува нивниот посакуван резултат (на пр., „кино фотографија со драматично осветлување“). Корисниците се охрабруваат да комуницираат меѓу себе за подобро да разберат како да користат V5.
Во план е имплементирање на стандарден стајлинг кој е попријатен за корисниците на V5.
Пресуда?
Според нашето лично искуство резултатите со употреба на V5 се премногу реалистични (во негативна смисла) и без уметнички имагинативен и креативен квалитет. Но, тоа е секако субјективно мислење, а од друга страна следуваат дополнителни подобрувања со помош на тестирањето од корисниците и унапредување на верзијата од алфа во бета и официјалната V5.
Од друга страна, ни се чини дека V5 автоматски се справува со некои од недостатоците на вештачкото генерирање слики, како анатомски неточности, кои обично се решаваат со негативен “prompt” од страна на корисникот и „обид и грешка“. Генерално, V5 се стреми повеќе кон 3D и реалистични слики.
Еве неколку примери на Midjorney за V4 и V5 со користење на истата порака, па проценете сами.



