Бранко Прља, искусен автор и графички дизајнер, во април 2023 година ја претстави првата македонска графичка новела создадена со помош на вештачка интелигенција. Текстот е базиран на романот „3 минути и 53 секунди“ на Берт Стајн/Бранко Прља, додека илустрациите се изработени со Midjourney v4 и доработени од страна на Нина Прља.
Отсега оваа графичка новела е достапна и на англиски јазик. Преводот за новелата на англиски јазик го направи Пол Филев за престижната издавачка куќа Dalkey Archive Press.

Употребата на вештачката интелигенција во уметноста, особено за генерирање илустрации, е тема на дискусија, а Прља верува дека уметниците треба да ги прифатат новите технологии и да ги инкорпорираат во нивните дела.
Авторот има богато искуство како писател, новинар и графички дизајнер, со бројни дела и придонеси во уметничката и научно-популарната сфера.