„Бунтовнички со причина“ нова книга во едицијата „Мала фактопедија“

Едицијата „Мала фактопедија“ се збогати со уште еден наслов: „Бунтовнички со причина! – жени од историјата на Македонија кои се бореле за прав(д)ата“.

Од воведот во книгичката пренесуваме:

„Извонредните жени отсекогаш ја обликувале историјата, ги поместувале границите и го подобрувале светот. „Бунтовнички со причина“ е смислена како почит кон нивната непоколеблива решителност и исклучителни достигнувања. Се надеваме дека оваа книга ќе служи и како инспирација за младите девојки и жени, охрабрувајќи ги да го искористат сопствениот потенцијал и да станат храбри креаторки на сопствената судбина и на историските промени.“

Во книгичката се вклучени Сирма Војвода, Катерина Арнаудова, Мирка Гинова, Вера Јоциќ, Естреја Хаим Овадија-Мара, Вера Циривири-Трена, Невена Георгиева – Дуња, Ибе Паликуќа, Фана Кочовска-Цветковиќ, Вера Ацева, Елпида Караманди, Мара Нацева, Раjна Алексова, Роса Плавева, Накие Баjрам, Мајка Тереза, Калипсо Налча, Веселинка Малинска, Хумашах Вардар, Оливера Jашар-Настева, Вања Лазарова-Димитрова, Бранка Станковска, Атина Бојаџи, Есма Реџепова и Оливера Наковска-Бикова.

Ова се нашите досегашни изданија од едицијата „Мала фактопедија“:

  1. Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн (2017, Бранко Прља)
  2. Необични факти од животот на Никола Тесла (2017, Бранко Прља)
  3. Јаболкото на Њутн (2018, Бранко Прља)
  4. Неверојатниот живот на Стивен Хокинг (2019, Бранко Прља)
  5. Made In China – Кинески изуми (2019, Бранко Прља)
  6. 25 факти за аерозагадувањето и начини да го намалиш (2020, Бранко Прља и Владимир Прља)
  7. Мустаќлии кои го смениле светот (2021, Исак Сима)
  8. Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин (2021, Бранко Прља)
  9. „Од кој филм беше?“ – 150 сцени од познати филмови (2021, Берт Стајн)
  10. 99.9 тотално забавни и сосема бескорисни факти… (2021, Исак Сима)
  11. Забавни факти за диносаурусите и други ужасно големи гуштери (2021, Нина Прља)
  12. „Пекол“но добро дело на Данте! (2021, Нина Прља)
  13. „Дај, не фрлај’“ – од Фејсбук група до еко-револуција! (2021, Бранко Прља и Владимир Карер)
  14. Шапката му ет арна, ама глаата му ет празна“ – 50 цитати и поговорки за образованието! (2022, Бранко Прља)
  15. „Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…“ (2022, Бранко Прља)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *