Adobe Premiere vs. CapCut, која програма е подобра за уредување и монтажа на видеа?

Adobe Premiere е индустрискиот стандард за уредување и монтажа на видеа, но мораме да признаеме, CapCut како бесплатна и user-friendly програма е јасен победник. Да не го заборавиме и фактот дека таа заменува две програми – Adobe Premiere и Adobe After Effects!


Пред да почнеме со споредбите, би требало да споменеме дека тие кои се веќе искусни во Adobe Premiere веројатно нема да се согласат да користат CapCut, но за почетници втората програма е несомнен избор.

Според нас главните предности на CapCut се тоа што се работи за бесплатна програма, која се учи многу лесно и има многу лесно достапни ефекти, транзиции и опции кои во Adobe Premiere се изведуваат многу тешко.

И не само тоа, дифолт опциите во Adobe Premiere се многу здодевни и базични, како транзиции и ефекти од свадбени видеа или МТВ емисии од 1990-ти. Не дека Premiere не може да има поинтересни опции, туку едноставно сака да ве пренасочи на After Effects.

Тоа значи дека треба да совладувате две комплицирани програми кои воопшто не се интуитивни наместо една лесна и ефективна. Не сте убедени?

Да видиме што велат професионалците.

Главните споредби кои авторот ги изнесува во видеото се овие:

Крива на учење: CapCut е полесен за почетници, заради што го добива првиот поен.

Организација: Adobe Premiere победи поради своите супериорни организациски способности.

Основно уредување: Adobe Premiere зема поен за своите добри функционалности за уредување.

Алатки: Споредбата резултира со нерешено, при што секоја програма има свои силни страни.

Транзиции: CapCut победува поради неговата разновидност и леснотија на примена на транзиции.

Ефекти: CapCut презема водство поради неговите разновидни и лесно применливи ефекти.

Аудио уредување: CapCut се истакнува во чистењето на аудио, заработувајќи уште еден поен.

Автоматска транскрипција: Adobe Premiere има подобра автоматска транскрипција. Иако има само 14 јазици, во однос на 23 на CapCut, сепак во однос на големи букви, интерпункциски знаци и точност има поголема предност.

Текст и анимација: CapCut победи поради текстуалните карактеристики и леснотијата на анимација.

Успорено движење: CapCut се претпочита поради неговото интуитивно уредување.

Крајниот резултат е 7:3 за CapCut! Тоа е навистина голема разлика и зборува многу во прилог на оваа програма.

Ние од Арно.мк со минимално знаење на видео уредување и монтажа ги направивме овие видеа со CapCut, обидете се и вие!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *