Развојот на АИ е неверојатен. Секој ден се појавуваат нови алатки. Тука ќе пренесеме само неколку излезени овој месец, кои се според нас поинтересни. ПС: најинтереснaтa е најдолу во текстот!
Генерирајте автоматски „флеш картички“ од ваши PDF фајлови. Тоа се картички кои содржат мала количина на информации. Може да ја користат ученици како алатка за полесно совладување на материјалот или наставници, за да им помогнат на учениците. За жал, алатката е бесплатна за ограничен број документи.

Ви требаат совети на одредена тема? Тие совети можете да ги искористите за пишување статии, за истражување на тема, за домашно, проектни задачи или за забава. Chord ги пребарува релевантните извори и ви ги пренесува заклучоците од нив.
Ние побаравме мислење за „Best short dystopian novels“ и алатката ги пребара дискусиите на Reddit, блогот Reedsy и статии од Reader’s Digest и Business Insider. Освен кусото сумирање кое може да се користи во директна форма при пишување на статија, апликацијата ги дава и детален список на изворите.

Креирајте прилагодени алатки и чет-ботови со помош на вештачка интелигенција. Апликацијата бара логирање и потоа можете да ја користите. Можете да пробате и туѓи чет-ботови, како Donny Trump или со Poor Elon Musk.

Сакате да читате, но не знаете да напишете расказ? Ова е алатка за вас. Aпликација за љубителите на кратки љубовни приказни, фантазија, мистерија и многу повеќе.

Направете мотивационо писмо за неколку секунди користејќи вештачка интелигенција.

Алатка која транскрибира и резимира видео или аудио за само неколку секунди. Резимирајте или направете долг пост на блог од транскрипцијата. Генерирајте целна страница со резиме и цитат. Транскрибирајте на француски, германски, кинески и многу повеќе. Апликацијата ги поддржува Youtube, Spotify, Spreaker и Buzzsprout. Исто така поддржува аудио формати mp3, mp4, mpeg, mpga, m4a, wav или webm.

Сакате да сумирате PDF од некој текст или книга, а ве мрзи да читате? Оваа алатка ви го овозможува тоа со неколку кликови. И не само тоа! Алатката може да ви одговори на кое било прашање поврзано со содржината на PDF документот. Прашајте што било и ќе добиете точен одговор со бројот на страницата и пасусите каде што се зборува на темата. Препорачуваме!
