Мичио Каку, научник, претставник на теоријата на струни, популаризатор на науката, филмски критичар… Да тргнеме од почеток – што по ѓаволите е теоријата на струни?
Веќе пишувавме на оваа тема, но накратко теоријата на жици (струни, нишки) е една од најтешките за разбирање теории во физиката, и иако не може да се потврди експериментално, математички е сосема точна и научно објаснува многу феномени кои други области од физиката не можат да ги објаснат.
Теоријата на жици го опишува универзумот како составен од елементарни честички кои се всушност вибрации на струни, при што секоја честичка има сопствена вибрација. На ист начин со различни вибрации на жици на инструментите се создаваат различни ноти.
Освен тоа, таа е единствениот веродостоен кандидат за Теорија на сè, како помирување помеѓу физиката на малото и на големото – светови во кои владеат сосема различни сили кои не се совпаѓаат.
Мичио Како, научник кој е најпознат пропонент и теоретичар на оваа теорија, во следново видео на интересен начин не воведува во оваа теорија и нејзините принципи на примерот на Локи, новата серија од Марвел, за која веќе пишувавме, како и на други Марвел филмови.

Во стилот на нашиот омилен популаризатор на науката и критичар на СФ филмовите од научен аспект, Нил Деграс Тајсон, Мичио ја анализира научната поткованост на Локи. Изненадувачки, тој ги потврдува речиси сите научно-фантастични постулати на оваа серија, се разбира освен тој за „Чуварите на времето“.
Интересна е и забелешката дека првиот филм на Марвел кој сериозно (освен со митологија) се занимавал со прашањата од квантна физика или теорија на нишки бил филмот Тор.