2025 година за Арно.мк беше година во која креативноста и технологијата служеа како главен двигател. Иако надворешниот свет често беше исполнет со предизвици, нашата редакција избравме да се фокусираме на создавањето, на новите идеи и на чувството дека преку дигиталниот простор можеме да изградиме еден поубав, едукативен свет. Ова е преглед на тоа како една „отворена лабораторија“ како Арно.мк успеа да ги поврзе македонскиот идентитет и врвната технологија.
Првиот бран: Ентузијазам и Вештачка интелигенција

На тема на ВИ (Вештачка интелигенција) објавивме можеби најмногу текстови, преку тестирање на апликации како Viggle.ai, Pika.art, ChatGPT imageGen, различни алатки за генерирање видеа, Google AI Studio, Грокпедија итн. Применувавме АИ за реставрација на стари фотографии, создавање нови врски помеѓу македонската и светската уметност и создавање песни. Анимиравме графити и покажавме дека вештачката интелигенција може да помогне во научното и лингвистичко истражување на македонскиот јазик и азбука, во унапредување на образованието итн.
Го создадовме и првото музичко EP на македонски јазик со помош на АИ.

Пишувавме аналитички текстови за природата, филозофијата и иднината на АИ и нејзината примена во технологијата и секојдневниот живот. Пишувавме дури и за тоа како „Ѕвездени патеки: следната генерација“, ги предвиде (предизвиците со) денешната генеративна ВИ и јазичните модели.
Се разбира, сетоа ова беше придружено и со нашите апликации за унапредување на јазикот, неговата креативна употреба, како генератор на благослови и клетви, игра за вежбање на македонската азбука, проверувач на палиндроми, генератор на анаграми, брз правопис и други.
Културен активизам и „Ѕидови што зборуваат“

Продолживме да ја документираме графити сцената, , разговаравме со ZIP, Зорк, Дамир Ујкановиќ, објавивме галерии со графити на UNC, Арис, SRK, графити и возила направивме графити патеписи за графитите на кулите карши Соборниот Храм, урбаниот хаос на „Буњаковец“, Железничката станица, Графити Маало итн. Пишувавме и за Vagabundler, германска платформа за документирање на пулсот на алтернативните сцени низ светот, и во еден момент Скопје/Македонија се најде во нивниот фокус.
Како екстензија на нашиот проект за Уметноста на временска капсула ги анализиравме графитите како сценографија во филмот „Снежана на крајот умира“ и графитите како сценографија во спотот Bolji Zhivot на Dre x Puka Kozmetika x DJ Slave.
Прославивме 1 година од архивата на СК/МК графити, започнавме нов проект „анимирани графити“, објавивме книга графити патеписи „Ѕидови што зборуваат“ и нов број на ГРРФТ – магазин за графити и урбана култура.
Временска капсула, архивирање и Википедија

Проектот/рубриката „Уметноста како временска капсула“ заживеа и во вид на музички и филмски рецензии за графити Маало, Puka Kozmetika, Дупер, Д.Н.О. и Корка, додека со рубриката „Филмот како активизам“ ги анализиравме филмовите (не домашни, но релевантни за нашата состојба) Class Action (1991) и Erin Brockovich (2000). Пред крајот на годината ја започнавме и рубриката „Ретро вести“, како потсетување за тоа колку е архивирањето битно во нашиот контекст.
Почнавме да работиме поинтензивно на архивирањето што е голем проблем кај нас. Од таа област издвојуваме текстови како Ретро вести (15 ноември 1969): „Скопје 69“, кога Скопје сонуваше да биде Санремо, 1963 година: звукот на обновата – првите рок-состави во Македонија, Ретро вести (26 јуни 1968): Скопје фест, кога Универзална сала беше лабораторија за забавна музика, Треска: фабрика што некогаш произведувала и звук, 100 години институции, едно непотполно досие: Станко Караман, AИ, Македонија и 25 години Википедија: борба за видливост во глобалното знаење, Ретро вести: Никола Галевски, првиот човек на првиот македонски народен оркестар.
Science.mk и creative.mk

Ги реактивиравме Science.mk и Creative.mk – генераторите за наука и култура. Оживување на нешта што долго време мируваа. Science.mk и Creative.mk отсега на арно.мк! Тоа ни врати дел од креативната енергија. Повторно почнавме да правиме јазични алатки, да фотографираме графити, да пишуваме рецензии.
Рецензии (книги, музика, филм)

Графитите нѐ вратија во урбаната реалност на нашиот град и држава и нѐ потсетија дека и кај нас има убави нешта – не само грди или депримирачки.
Пишувавме рецензии за домашни автори од кои позначајни се Иван Додовски, Жарко Кујунџиски, Петро Алексовски, Алекс Букарски, Иван Шопов и други. Направивме плакат за „Роман на годината“ и уште еден музички родослов – овој пат за Two Sides & Denny Te Chuva. Се потсетивме дури и на Точка!
Проектот/рубриката „Уметноста како временска капсула“ заживеа и во вид на музички и филмски рецензии за графити Маало, Puka Kozmetika, Дупер, Д.Н.О. и Корка, додека со рубриката „Филмот како активизам“ ги анализиравме филмовите (не домашни, но релевантни за нашата состојба) Class Action (1991) и Erin Brockovich (2000). Пред крајот на годината ја започнавме и рубриката „Ретро вести“, како потсетување за тоа колку е архивирањето битно во нашиот контекст.
Технологија и наука

Полека се навративме и на нашата пасија за науката и технологијата. Пишувавме за Мистеријата на свесноста и човечкиот геном, за тоа колку е стар атомот? за Менделеев, Марија Кири и магичниот периоден систем и елементите кои ги содржи. Пишувавме за Starlink и интернетот како бојно поле, иднината на батериите, за Netflix и Disney и глобалните промени во светот на медиумите. Навлеговме подлабоко во технологијата и ги анализиравме возилата присутни на Парк „Авионче“ во Аеродром (и повторно), како и на Железничка станица.
Направивме и Калкулатор за трошоци за греење: што навистина е најисплатливо? и со тоа полека ја заокруживме годината.