6 години Арно.мк – дигитален чувар на македонската креативност

Шест години креативност, иновации и културен активизам – тоа е патот што го изодивме досега. Од пионерски чекори во вештачката интелигенција (ВИ) до зачувување на македонското културно наследство, Арно.мк продолжува да создава единствена дигитална содржина што ја збогатува македонската интернет-сцена. И оваа година, со гордост можеме да кажеме дека останавме верни на нашата мисија – да создаваме, истражуваме и споделуваме содржини што го одразуваат и збогатуваат македонскиот дигитален простор.

Минатата година направивме едно резиме на нашата активност во изминатите 5 години. Како и тогаш би сакале јавно да се заблагодариме на нашиот провајдер МКхост за тоа што нѐ поддржуваат и се грижат да имаме одличен и брз хостинг!

МКхост: info@mkhost.com.mk | mkhost.com/mk | +389 2 2779 444

Годинава нема да се навратиме на претходните години, туку само на кратко ќе ги наброиме нештата кои ги направивме во 2024 година.

ВНИМАНИЕ: сите линкувани текстови подолу, како анализи, упатства за користење на апликации, креативни содржини како книги, видеа, плакати, времеплови, апликации и слично се наши оригинални дела – не се препишани, преведени, ниту пренесени од друг медиум.

🤖 Тестирања и упатства за користење на вештачка интелигенција 💡

Тестиравме и направивме упатства за користење на различни АИ апликации со потенцирање на македонскиот контекст: Автоматска транскрипција на македонски дел 1 и дел 2, Realtime Gen на Leonardo.ai, Midjourney и Custom GPT, Splashmusic, CapCut, Sora на OpenAI, ChatGPT и македонскиот јазик, Claude на Antropic, Luma Dream Machine, Claude 3.5 vs. ChatGPT-4o, Како да креирате новинарски видео прилози со AI?, AI апликации за анимирање и Личеноски, AI на Фејсбук, Viggle.ai, Pika.art, о3 на OpenAI, Runway Gen-3 Alpha Turbo итн.

🤖 Анализи на различни аспекти на вештачката интелигенција и нивна примена во македонскиот контекст 🧠

Зборувавме за различните аспекти и правевме анализи на вештачката интелигенција, а истата је применивме за создавање креативни македонски производи: Што нѐ очекува во 2024 година на полето на вештачка интелигенција?, АИ како психијатар?, Прв македонски краток филм правен со АИ, Трејлер за филм, Колку МК романи се напишани со помош на ChatGPT?, Дали АИ е навистина интелигентна, Македонски говори: малешевско –пиринскиот дијалект итн.

✍️ Промотивни текстови за македонски автори и проекти 📢

Ги промовиравме македонските автори и проекти, како: Првата македонска АИ платформа, „Култура Бета“, е-хемија, Размена на книги и книжевни муабети, РЕДИ Рециклажа, „Кое е твоето чудо?!”, Киро Урдин, Фестивалот „Друга приказна”, Луна Адитеја, Д.Н.О., Суперхикс како и графити-уметниците Хром, RASK, Вутар, Флим, Зипер и безброј други во нашите графити приказни.

🌱 Еколошки калкулатори 🔢

Направивме неколку ЕКО-калкулатори кои можат да им помогнат на граѓаните да го направат вистинскиот избор за греење и енергија: Дрва vs пелети, Сончев какулатор, Соларен инвестициски калкулатор, Инвертор, дрва, термопечка или пелети? и други.

📝 Апликации за промовирање и креативно користење на македонскиот јазик 💻

Особено сме горди на нашите апликации за креативно користење на македонскиот јазик на кои напорно работевме во 2024 година, како: Пребарувач на поговорки, Генератор на поговорки, Збороколаж, Хаику генератор и проверувач, Панграм проверувач 2.0, Генератор на „азбучен расказ“, Генератор на благослови и клетви, Букволовка, Проверувач на палиндроми и Генератор на анаграми.

📚 Рецензии за книги, филмови, музика 🎬

Напишавме и доста рецензии за филмови, книги и музички албуми од кои ги издвојуваме: Блејд Ранер, “Balance”, „Style Wars“, Расказот „Нос“ од Гогољ, Неколку филмови за графитите, „Замаглено скенирање“ од Филип Дик, „Генерација П“ од Виктор Пелевин, „Томе од бензинската пумпа“, Филип Дик и филозофијата, „Големиот куфер“ од Иван Додовски, Скопски топоними: „Самоисхрана“, „Снежана на крајот умира“ и други.

🗺️ Плакати времеплови ⏳

Направивме и повеќе времеплови преку кои ја истраживме современата македонска култура, уметност, наука итн., како: Времеплов низ наградата „Роман на годината“, Историја на астрономската опсерваторија во Македонија, Скопје и историските чуда, 30 години Суперхикс, 30 години македонска улична уметност итн.

🎨 Документирање графити 📸

На темата графити, покрај вештачка интелигенција, работевме најмногу минатата година. Ја започнавме групата „Графит.мк“ и „ГРРФТ“, првиот македонски магазин/фанзин за графити, фотографиравме графити и пишувавме за нив во нашите стории за Рајна Мичуринска, Најголемиот графит во Македонија, Графитите од „другата“ страна на Вардар, Пинтија-Драчево, „Пред дождот“, Графити во Струга., Графити под новата Железничка станица, прв и Втор дел, Графити во Т.Ц. Скопјанка, Ул. Илинденска, Кулите во „Лондон Маало“, Маџари, Зелен пазар, „Другата“ страна на кејот, Дебар Маало и некои поинакви графити приказни, како Графити во Скопје: поглед од 1989 година, Графити како сценографија во филмот „Снежана на крајот умира“. Направивме интервјуа со цртачите Хром, RASK и Вутар од ЕБСФ, Флим, Зипер и го направивме првиот Графити времеплов: плакат за 30 години македонска улична уметност.

🎙️ Поткасти 🎧

Направивме и неколку подкасти, со помош на (и за) АИ, како proof-of-concept. Урбано распаѓање и отпор, графити во Т.Ц. Скопјанка, Калкулатор за соларна енергија, DIFF Transformer и Notebook LM како алатка за разбирање комплексни концепти

📚 Книги 📖

Издадовме и неколку книги, како „Бунтовнички со причина“, Unusual Facts from the Life of Albert Einstein, Unusual Facts from the Life of Nikola Tesla, Newton’s Apple and Other Unusual Facts From His Life и The Incredible Life of Stephen Hawking.

🔗 Ако сте заинтересирани да истражите повеќе за нашата активност, повелете:

Општествен активизам на Арно.мк – среќен Ден на Републиката и за многу години Илинден!
Времеплови: алатка за интерактивно истражување на минатото
Јазични алатки на Арно.мк: креативно истражување на македонскиот јазик
Калкулатори на Арно.мк: Вашиот водич за паметни енергетски одлуки
Нема да одиме на Ai Tech Summit, но што направи Арно.мк на полето на AI во Македонија?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *