Стрип конкурс „Кое е твоето чудо?!”

Мрежа Стела и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикуваат сите стрип автор(к)и и илустратор(к)и да учествуваат на наградниот конкурс „Кое е твоето чудо?!”. Овој конкурс има за цел да поттикне дискусии за родовата еднаквост преку уметност.

Зошто да учествувате?

Имате можност да го претставите својот талент и да поттикнете позитивни општествени промени преку своите дела. Конкурсот е дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“, спроведен од НМСМ и Мрежата Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје. Проектот цели да ги отстрани пречките и стереотипите, отворајќи нови можности за девојчињата и младите жени.

Критериуми и теми

Добредојдени се сите стилови, од традиционални техники до дигитална илустрација. Приказните може да бидат на еден или повеќе панели (1 до максимум 8 табли). Во конкуренција се само досега необјавувани авторски стрипови.

Теми кои се претпочитаат (не исклучиво) се: промоција на еднакво општество, солидарност и поддршка, надминување на родови стереотипи, борба против дискриминација, зајакнување на женските права, права на ЛГБТИ+ заедницата, феминизам и активизам.

Наградниот фонд изнесува 85.000 денари!

Од пристигнатите дела ќе биде организирана изложба, каде што ќе се прогласат наградените стрипови, а учесниците ќе добијат сертификати и дипломи.

Како да се пријавите

Испратете ги вашите дела на chudostrip@gmail.com до 20 август 2024, со назнака „Пријава за награден конкурс за стрип „Кое е твоето чудо?“.

Придружете се во поддржувањето на родовата еднаквост преку уметност!

Повеќе информации тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *