Моменталната цена на фотоволтаичните панели на светскиот пазар е историски рекордно ниска т.е панелите се продаваат под пазарна цена. Иако имаме огромен бум во градењето на соларни фарми тоа не го гледаме кај фирмите или домаќинствата. Ретко на која фирма или куќа гледаме поставени соларни панели.

Како причини најверојатно се комплексните дозволи и регулации, неразвиониот и неконкурентниот пазар на изведувачи кои би можеле да ја направат инсталацијата итн.
И покрај сите пречки моментално е евтино да се постават фотоволтаични панели и цените се движат од 500 до 1000 Евра за kW.
За ориентација, панелите се 200 евра по kW, инвертор е 100 евра по kW (пример инвертор од 6 kW би чинел некаде 600 евра), другото оди на материјали како: кабли, рамката за панелите, работна рака, дозволи итн.
Но независно од овие бројки ние направиме Соларен инвестициски калкулатор во кој внесувате три бројки: колку пари е тоталната инвестиција, колку соларни панели сте инсталирале и колку ја плаќате сега струјата.

Пробајте и сами: