Времеплов низ наградата „Роман на годината“ со нов член: „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, Роман на годината за 2024!

Романот „Светот што го избрав“ на писателката Калина Малеска, во издание на „Или-или“, е годинашен лауреат на престижната награда „Роман на годината“ за 2024, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Веста беше објавена денес на свечена прес-конференција во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.

Извор: Умно.мк

Наградата се доделува јубилеен 26-ти пат, а годинава на конкурсот пристигнаа импресивни 43 романи. Во најтесниот избор, покрај наградениот роман, се најдоа и делата „Простување“ од Кица Колбе (исто така во издание на „Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ од Огнена Никуљски („Антолог“).

„Станува збор за извонреден, безвременски роман што ќе може да се чита и препрочитува во сите времиња и простори. Кус, концизен, маестрално напишан, „Светот што го избрав“ е храбро сведоштво на женскиот лик кој поминува низ сопствените, но и низ преобразбите на светот што го избираме дури откако сам ни се наметнал избор што не само не го оправдал туку со него ни нанел штета и тага“, стои во образложението на жирито.

Писателката и професорка по англиска книжевност на Филолошкиот факултет при УКИМ, Калина Малеска, не ја криеше возбудата и благодарноста за наградата. „Чест ми е што многу прашања кои ги сметам за важни, како што се образованието, односот кон другоста, општествените стигми, идентитетот и еманципацијата, беа препознаени од страна на жири комисијата и од страна на читателите.“

Ненад Стевовиќ од издавачката куќа „Или-или“ изрази особено задоволство од наградата. „Ова е шести пат Или – Или да добие признание „Роман на годината“. Долго време работиме со македонски автори кои не се доволно познати и афирмирани, и ова признание е значајно за издавач кој е особено посветен на издавање на македонска литература.“

Архивирањето во одбрана на меморијата и идентитетот

Од арно.мк го дополнивме нашиот плакат: Времеплов низ наградата „Роман на годината“ кој е дел од нашиот проект „Архивирањето во одбрана на меморијата и идентитетот“.

Листа на победници и финалисти за наградата „Роман на годината“ (1999-2024)

2024 Калина Малеска „Светот што го избрав“ („Или-или“)

  • Кица Колбе „Простување“ („Или-или“)
  • Огнена Никуљски „И ѕирка и проѕирка“ („Антолог“)

2023 Лидија Димковска „Единствен матичен број“ (Три)

  • Блаже Миневски „Ако се родат некакви чувства…“ (Матица македонска)
  • Томислав Османли „Заборав“ (ВиГ Зеница)
  • Фросина Пармаковска „Сe уште можам нешто да сторам“ (Или-или)
  • Сибо „Зелениот дворец“ (Арс Либрис)

2022 Влада Урошевиќ „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ (Арс либрис)

  • Венко Андоновски „Папокот на светлината“ (Три)
  • Живко Грозданоски „Писмо за Глорија“ (Или-или)
  • Томислав Османли „Столб што пее“ (ВиГ Зеница)

2021 Симона Јованоска „Денот на црвот“ (Или-или)

  • Давор Стојановски „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ (Или-или)
  • Ивана Трајаноска „Деса“ (Арс Либрис)
  • Ивица Челиковиќ „Ден за одмазда“ (Паблишер)

2020 Владимир Јанковски „Скриени желби, немирни патувања“ (Антолог)

  • Петар Андоновски „Лето во кое те нема“ (Или-или)
  • Владимир Илиевски „Суво мастило“ (Македоника литера)
  • Жарко Кујунџиски „Сфинга на гневот“ (Антолог)
  • Билјана С. Црвенковска „Куќа над брановите“ (Чудна шума)

2019 Оливера Николова „Песот со тажен поглед“ (Матица Македонска)

  • Снежана Младенова-Анѓелков „Молчи со отворена уста“ (Или-или)
  • Драги Михајловски „Пагански времиња“ (Просветно дело)
  • Михајло Свидерски „Последните денови на Ханс“ (Или-или)
  • Билјана С. Црвенковска „Приказни за госпоѓица Сит“ (Чудна шума)

2018 Николина Андова-Шопова „Некој бил тука“ (Темплум)

  • Петар Андоновски „Страв од Варвари“ (Или-или)
  • Влада Урошевиќ „Маџун“ (Магор)

2017 Фросина Пармаковска „Одбројување“ (Или-или)

  • Бранко Прља „Апокалипса.мк“ (Готен)
  • Игор Станојоски „Диссомнии“ (Антолог)

2016 Давор Стојановски “Собирачи на пепел” (Или-или)

  • Игор Станојоски “Првиот универзитетски ден на мојата ќерка” (Или-или)
  • Ана Стојаноска “Јас и Лин, отпосле” (Блесок)

2015 Петар Андоновски „Телото во кое треба да се живее“ (Или-или)

  • Владимир Јанковски „Невидливи љубови“ (Антолог)
  • Берт Стајн (Бранко Прља) „3 минути и 53 секунди“ (Готен)

2014 Луан Старова „Балканвавилонци“ (МАНУ)

  • Живко Гроздановски „Куфер за тројца“ (Или-или)
  • Игор Станојоски „Гаргара“ (Панили)
  • Фросина Параковска „Вишнова хроника“ (Или-или)

2013 Владимир Плавевски „Јадица“ (Силсонс)

  • Венко Андоновски „Ќерката на математичарот“ (Табернакул)
  • Петар Андоновски „Очи со боја на чевли“ (Кликер)

2012 Митко Маџунков „Птиците од ланските гнезда“ (Три)

  • Лидија Димковска „Резервен живот“ (Или-или)
  • Ермис Лафазановски „Историја на луѓето што умреа од страв“ (Магор)

2011 Снежана Младеновска-Ангелков „Единаесет жени“ (Или-или)

  • Илхами Емин „Огнени птици“ (Три)
  • Владимир Костов „Писание за Страшниот суд“ (Матица)

2010 Душко Родев „Човекот што ги сакаше калинките“ (Македонска Реч)

  • Роберт Алаѓозовски „Готен“ (Готен)
  • Владимир Јанковски „Вечно сегашно време“ (Темплум)
  • Владимир Попов „Наспроти ветрот“ (Култура)
  • Гоце Ристовски „Се гола вода мој Ѓорѓија“ (самостојно)

2009 Томислав Османли „Дваесет и првиот“ (Блесок)

  • Ермис Лафазановски „Недела“ (Магор)
  • Драги Михајловски „Бајазит и Оливера“ (Каприкорнус)
  • Оливера Николова „Белиот чад“ (Или-или)
  • Јован Павловски „Град, луѓе, години“ (Ми-Ан)

2008 Јагода Михајловска-Георгиева „Индиго Бомбај“ (Три)

  • Ирена Јорданова „Помеѓу“ (Или-или)
  • Кица Колбе „Жените Гаврилови“ (Табернакул)

2007 Блаже Миневски „Нишан“ (Макавеј)

  • Гоце Смилевски „Сестрата на Сигмунд Фројд“ (Култура)
  • Димитар Башевски „Братот“ (Слово)
  • Славчо Ковиловски „Опасен сум“ (Темплум)

2006 Кица Колбе „Снегот во Казабланка“ (Три)

  • Венко Андоновски „Вештица“ (Култура)
  • Ермис Лафазановски „Храпешко“ (Магор)
  • Калина Малеска „Бруно и боите“ (Слово)

2005 Пајо Авировиќ „Џахиз и истребувачите на кучиња“ (Детска радост)

  • Божин Павловски „Мирисите на доилката“ (АЕА)
  • Луан Старова „Ервехе“ (Ѓурѓа)
  • Оливера Ќорвезировска „Заклученото тело на Лу“ (Магор)

2004 Оливера Николова „Куклите на Росица“ (Култура)

  • Јагода Михајловска Георгиева „Каменот од твојот ден“ (Култура)
  • Лидија Димковска „Скриена камера“ (Магор)

2003 Милован Стефановски „Изгубен жегол“ (Сигмапрес)

  • Митко Маџунков „Времето на ирвасите“ (Три)
  • Мето Јовановски „Продавница за љубопитните“ (Макавеј)
  • Блаже Миневски „Приказна за третиот“ (Три)

2002 Гоце Смилевски „Разговор со Спиноза“ (Дијалог)

  • Луан Старова „Тврдина од пепел“ (Ѓурѓа)
  • Слободан Мицковиќ „Самоубиецот“ (Култура)

2001 Димитар Башевски „Бунар“ (Слово)

  • Димитрие Дурацовски „Инсомниа“ (Магор)
  • Ермис Лафазановски „Опишувачот“ (Магор)

2000 Венко Андоновски „Папокот на светот“ (Три)

  • Александар Алексиев „Деветте круга на пеколот“ (Сигмапрес)
  • Оливера Николова „Адамовото ребро“ (Матица)

1999 Слободан Мицковиќ „Куќата на Мазарена“ (самостојно)

  • Блаже Миневски Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ (Култура)
  • Јован Павловски „Освојување на слободата“ (Ми-Ан)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *