На сајтот на Министерството за внатрешни работи се појави информација дека „граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите “Пролет“ и “МТВ“ можат да го проверат статусот на нивниот пасош.“
Кликнете на овој линк и проверете и вие дали вашите документи се уште во кафкијанскиот „процес“ или имате среќа (во несреќа) да бидат готови.

Ако сте заинтересирани зошто ја употребивме оваа аналогија, прочитајте го романот „Процес“ на писателот Франц Кафка од 1925 година, кој е „алегорија за апсурдната борба на поединецот за зачувување на својот интегритет во машинеријата на апсурдот која се обидува да му ја разгради личноста.“
Звучи познато?
