Стари фотографии од Македонија добиваат нов живот со вештачка интелигенција

Во ерата на вештачката интелигенција, старите фотографии добиваат нов живот. Користејќи ги најновите AI алатки Runway Gen-3 Alpha Turbo и Pika Art 2.0, успеавме да создадеме серија на кратки видеа од историски фотографии од Македонија.

Видеата се збогатени со традиционална македонска музика, вклучувајќи ги безвременските „Море сокол пие“ во изведба на легендарните Васка Илиева и Александар Сариевски и класичниот евергрин „Кажи нешто драга“ од Драган Мијалковски.

Патување низ времето: видео колекција

Улица Македонија, тогаш Маршал Тито. Најлево е хотел Бристол, до него хотел Скопје (урнат во земјотресот), потоа зградата на Макотекс, изградена во 1956 како станбена зграда. Фото: Дејан Георгиевски Жапон. Извор: ФБ група Скопје радост.


Ретка фотографија на Александар Евтимов, македонски револуционер, деец на ВМРО, во ослободена Битола во 1912 година. Извор: ФБ група Егејскиот дел на Македонија – Aegean part of Macedonia.


Патување низ Македонија од почетокот на 20-тиот век со ретки историски фотографии. Едни од првите колор фотографии на Балканот (Смилево, 1913) од Огист Леон за проектот “Архиви на планетата” на Алберт Кан, деца покрај традиционална фурна (1914-1918) и жени во традиционална носија од Д’мбени, Костурско.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *